Густата супа со тестенини „шулен“ е главното јадење на бурјатската кујна. Обично се прави во посебни прилики или на празници. Бурјатите се етничка група која со векови живее во областа околу Бајкалското езеро во Источен Сибир. Бурјатскиот јазик спаѓа во групата на монголски јазици. Повеќето Бурјати исповедаат будизам.
Бурјатите имаат богата култура која настанала од нивниот номадски начин на живот и меѓусебните врски со соседните народи. Се претпоставува дека шулен е јадење кое Бурјатите го измислиле за да можат со негова помош да ги издржат долгите и исцрпувачките походи. Бурјатските номади одгледувале крупен рогат добиток, овци и кози.
Чорбата се прави од состојки кои им биле достапни, како месо, зеленчук и брашно. Се готви во големо тенџере на отворен оган, што било вообичаено за номадските народи.
Покрај тоа што има извонреден вкус, шуленот е и многу хранлив, богат со протеини, витамини и минерали. Месото е одличен извор на протеини, додека зеленчукот е богат со влакна и мноштво неопходни хранливи материи.
Кај оваа чорба најважно е месото да биде квалитетно. Во спротивно, нема да биде доволно вкусно, а буљонот нема да биде јак и мрсен. Порано за чорбата се користело јагнешко месо, но денес оваа чорба често се подготвува и со говедско месо. Шуленот е толку густ што во него лажица стои исправена.
Шуленот и денес е популарно јадење на бурјатската кујна, како и „пози“, локални кнедли полнети со месо. И децата и возрасните со задоволство го јадат. Се наоѓа на менито во многу кафе-барови низ регионот, а често се прави и во домашни услови, и тоа според традиционални методи и рецепти кои се пренесуваат од генерација на генерација.
Состојки за тестенините (нудлите), 100-150 грама:
1. Месото се мие и се сече на коцки, па се става во тенџере да се вари 20-30 минути. Кога ќе зоврие тргнете ја пената.
2. Во меѓувреме подгответе ги нудлите: едно јајце, прстофат сол и вода, внимателно измешајте.
3. Постепено додавајте го брашното.
Тестото за нудлите треба да биде цврсто.
4. Со сукало размесете го тестото во тенок слој.
5. Потоа исечете го на тесни ленти, како што гледате на фотографијата.
6. Кромидот исечкајте го на ребра и оставете го настрана. Се додава во готовото јадење.
7. Исто така, можете однапред да го исечкате младиот зелен кромид за декорација на чорбата.
8. Во шерпата во која се вари месото додајте сол и бибер по вкус, и ловоровов лист.
Со повремено мешање додајте ги нудлите и варете додека не омекнат.
9. Две-три минути пред крајот на варењето додајте го исечканиот кромид.
10. Шуленот украсете го со младиот зелен кромид и послужете го врел. Уживајте во богатата чорба со леб или крекери!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче