Ѕика: Пробајте каша од сирење што се прави во Осетија во чест на раѓањето на машко (РЕЦЕПТ)

Олга Бровкина
Едно јадење на два начина. Врелата ѕика е каша, а во изладена форма се служи како вид касерола. Изберете ја вашата омилена верзија.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
  • Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа https://mk.rbth.com/subscribe

Осетиската висококалорична каша ѕика се состои од состојки кои можат да се најдат во секој дом: зрело бело сирење, брашно, павлака и сол. Се смета дека во претхристијанско време Аланите, предците на Осетите кои денес живеат во кавкаскиот регион, ја користеле оваа каша за да му принесат жртва на богот-заштитник на стоката по име Фалвара. Изборот е очекуван, бидејќи главните состојки се од животинско потекло. А се работи за едно од најхранливите локални јадења.

Во христијанскиот период ѕика почнале да подготвуваат двапати годишно: во вторникот по Велигден и на крајот на летото пред стрижењето на овците.

На прв поглед може да ви се стори дека ѕиката е едноставно јадење, но тоа всушност е многу „каприциозна“ каша која бара многу внимание и трпение при готвењето. Во денешна Осетија ѕиката се подготвува за прославата „кахц“ во чест на раѓањето на син.

Со оваа прослава се поврзува стар обичај. Осетините тогаш кажуваат благослови во кои посакуваат богатство, здравје, долг живот и потомци. Осетите овие благослови ги нарекуваат „баркад“ и се упатуваат на пријателите, почитуваните гости и новороденчето.

Кога ќе се роди машко, возрасните му се обраќаат на Севишниот, молејќи го „баркадот“ (благослов) да го следи кога тоа ќе порасне и ќе стане маж. Потоа ја потопуваат ногата на новороденчето во топла каша од сирење ѕика. Овој ритуал го симболизира првиот чекор на детето и на тој начин ѕиката е симбол на изобилство и богатство.

Главната тајна во подготовката на ѕиката е опишана вака: „тишина во процесот, позитивен став и добри мисли: за домот, семејството и изобилство“. Овој обичај строго се почитува и денес.

Јадењето обично се служи врело во тавче и не е потребен посебен прибор за јадење. Осетините го јадат со помош на тортиља печена во печка и понекогаш ја украсуваат со свежи зачински билки. Ѕиката се јаде и за појадок со ферментиран млечен напиток ајран. Кога се служи разладена, ѕиката е исто толку вкусна.

Состојки за 6 порции:

Осетинско сирење – 400  g (кој било вид бело сирење на парчиња)

Брашно – 150 g

Павлака - 1 kg

Сол (по потреба) – 1 лажичка (или помалку, во зависност од тоа колку е солено сирењето)

Подготовка:

Иситнете го сирењето со раце или изгмечете го со вилушка.

На сирењето додадете две чаши од по половина литар павлака со висок процент на масленост. Локалните жени велат: „Ѕиката не можете да ја расипете со павлака“.

Посолете по потреба, измешајте ја масата и матете додека не исчезнат грутките.

Истурете ја смесата во големо тенџере со дебело дно и растопете го сирењето. Ќе ви требаат 15-20 минути. Кашата треба постојано да ја мешате.

Штом ќе се појават меурчиња на површината, намалете ја температурата на минимум, а потоа додадете го пченичното брашно со мали прстофати. Не дозволувајте масата да зоврие, бидејќи ќе стане невкусна.

На крај матете ја кашата додека не добиете хомогена маса без грутчиња. Варената ѕика е со средна густина и крем боја.

Пријатен апетит!

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња