Како Ангела Меркел јадеше во Русија месо од мечка

Robert Schlesinger/dpa/Global Look Press
На Ангела Меркел, која во 2006 година го посети Томск, ѝ се допаднаа ќофтиња од мечкино месо, што ги изненади угостителите, затоа што кога овие ќофтиња се подготвуваат како што треба, тие се речиси крвави.

На Ангел Меркел, која во 2006 година го посети Томск, ѝ се допаднаа ќофтиња од мечкино месо, изјави поранешниот губернатор на Томската област, сенаторот Виктор Крес.

Крес објасни дека желбата му била Меркел „да се запознае со нашите егзотични јадења“ и дека „многу ѝ се допаднаа ќофтињата од мечкино месо“. Тоа ги изненади угостителите, затоа што „кога овие ќофтиња се подготвуваат како што треба, тие се речиси крвави“.

Исто така, во Томск, според него, не очекувале канцеларката да биде едноставна и дружељубива личност.

„Две години подоцна, при една наша посета на Германија, нашиот амбасадор Владимир Котењов организираше состанок и Меркел ја прими нашата делегација на Томската област во својата резиденција. Многу ја интересираше како живееме. Како подарок ѝ донесовме наши производи, сушени вргњи, и дознавме дека ѝ се допаднале, и нејзе, и на другите, па по малку ја снабдувавме“, истакна поранешниот губернатор.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња