Најпопуларните руски мезелаци ги зачудуваат Кинезите: „Kако можете да го јадетe тоа?“

Legion Media
Најпопуларните руски предјадења Кинезите ги окарактеризираа како „тешка“ храна за храбри луѓе, пишува порталот „Сина“ (Sina).

Во таквите јадења авторот на текстот го вклучува и кавијарот, но не толку поради добриот вкус, колку поради високата цена.

„За Русите тоа е обично мезе со пијалок. Таквиот став не може а да не предизвика завист кај многумина кинески гурмани“, се вели во текстот.

Потоа следува сирова чадена или солена сушена риба. Како што се наведува, донекаде потсетува на сашими (сирови филети од месо, риба и морски плодови, исечени на тенки парчиња), но во Кина не сакаат да јадат сирова риба, која покрај тоа е „посипана со сол“.

„Како воопшто може да се јаде тоа? Тешко дека ќе можете да се навикнете на ова руско предјадење, не верувам дека ќе сакате да го пробате“, се наведува во статијата.

Покрај тоа, како пример се наведува и харингата со компир, комбинација што авторот ја нарекува „прилично чудна“.

„Мислам дека на многумина им е познат мирисот на конзервирана харинга и дека лесно ќе се согласат дека тоа е едноставно неподносливо. Едноставно, не можам да го замислам вкусот на харинга ако не е маринирана“, пишува авторот.

Внимание се посветува и на киселите краставички, кои Кинезите, за разлика од споменатите производи, сакаат да ги јадат.

„Ова мезе изгледа малку подобро од првите три“, заклучува авторот.

Инаку, кинеските корисници на интернет порано честопати ги фалеа јадењата од руската кујна. Меѓу другото, им се допаднаа силните супи од месо, разновидноста на мезето и нивниот богат вкус.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња