Голем број народи некогаш живееле на рускиот брег на Црното море, меѓу кои и Грци, Ерменци и Адигејци. Секој од нив дал свој придонес на локалната кујна. Кујната на брегот на Црното Море се базира на сезонски зеленчук (модар патлиџан, пиперка, домат, лук, кои се користат свежи или термички обработени), овошје (кајсии, смокви, грозје), јаткасти плодови, младо домашно сирење и лути сосови. А месото и рибата обично се подготвуваат на скара. Така е, тука ќе најдете раженчиња на секој чекор!
Барабулка (барбун), ставрида (скуша) и хамса (инчун) се популарен улов од водите на Црното море. Овие риби се ситни, имаат помалку коски и лесно се подготвуваат. Локалните жители најчесто само ги валаат во пченкарно брашно и ги печат во големи количини на масло. Современите ресторани во туристичките места ги печат барабулката и ставридата во рерна и ги послужуваат со салата, лимон и оризов леб.
Главен деликатес на црноморскиот брег се школките рапани. Нивното месо е многу меко доколку добро ги подготвите. Тајната е во тоа што треба да ги варите или динстате најмногу 5 минути. Рапаните се најдобри во комбинација со свеж или варен домат, кромид и павлака.
Оваа голема пита со месо е култно јадење во кујната на Кримските Татари, кое по должината на целиот брег на Црното море стана популарна улична храна. Чебурекот се прави од тенко бесквасно тесто и се пече во длабоко масло. Она што го прави незаборавен е исклучително вкусното полнење од месо.
Јаткасти плодови нанижани на жица и потопени во гроздов или друг овошен сируп се нарекуваат чурчхела. Оваа слатка од грузиско потекло е МНОГУ популарна на потегот од Анапа до Сочи. На секоја плажа и секој пазар локалните продавачи нудат домашна чурчхела, а варијациите на основниот рецепт се бескрајни. Ореви, лешници или бадеми? Сок од грозје или праски? Сé е превкусно...
Во Русија ваквите слатки се нарекуваат „источни“ и ги има преку сто различни видови. На брегот на Црното Море на секој пазар ќе најдете сорбе, нугат и алва направени од овошје и јаткасти плодови. Изгледаат како големи бонбони што се сечат и се продаваат на грам, а парчињата се прилично големи.
Баклавата е исто така ориентална слатка. Тоа е пита со ореви и прелив од мед.
Месо нанижано на стапчиња е едно од највкусните јадења на црноморската кујна. Шашликот обично се прави од сецкано свинско или јагнешко месо, додека љуљ-ќебапот е еден вид ќебап прободен со стапче. Во кафулињата на брегот раженчињата обично се служат во чинија со лаваш (сплескан леб), зелена салата, домат и краставица и со лут сос од аџика.
Во одморалиштето Мацеста во близина на Сочи се одгледува најсеверниот чај на светот. Тука зимите се благи, но климата за одгледување чај е сè уште прилично остра. Меѓутоа, со вековите, локалните плантажи се навикнале на руските услови и чајот од Мацеста стана вистински црноморски специјалитет. Преполн е со витамин Ц и танин и затоа треба кратко време да отстои во врела вода, во спротивно станува премногу горчлив.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче