Кулич е рускиот назив за велигденското лепче. Кај источните Словени празничниот леб бил кругол и висок, одозгора украсен со детали од тесто. Формата на цилиндар на куличот е поврзана со црковната традиција за печење артос - леб посветен на велигденската ноќ. Куличот може да се направи во домашни услови. Не е тешко, но ќе ви треба повеќе време. За рецептот ја прашавме веќе познатата за нашите читатели Вероника Самохина, Русинка која повеќе од 10 години живее во Македонија, а пред неколку месеци го започна својот блог за рускa кујна на македонски.
Значи, за да направите свој сопствен кулич ќе ви треба:
500 мл млеко
10 грама сув квасец
1-1.4 кг брашно
6 јајца
200 грама путер
250-350 грама шеќер
300 грама суво грозје
1 кесичка ванилен шеќер
Глазура:
2 белки
100 грама шеќер
Се надеваме ќе уживате во ова руско велигденско лепче! Среќни велигденски празници!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче