10 необични советски кујнски помагала (ФОТО)

Legion Media
Како да направите пељмени со помош на пиштол и зошто криглата за квас има дупка во средината? Погледнете ги овие необични кујнски помагала што се користеа во СССР и Русија, а се употребуваат и денес.

1. Секач за зелка

Веројатно знаете дека Русите се големи љубители на кисела зелка и дека многумина од нив киселат зелка дома како што тоа го правеле нивните предци. На прв поглед, оваа направа изгледа малку застрашувачки, но со нејзина помош зелката се сече брзо и тенко. Таканаречената „сечка“ (или „тјапка“) е остар полукружен нож со дрвена рачка. Оваа справа ретко се наоѓа во кујните денес, иако сè уште се произведува за љубители.

2. Пиштол за пељмени

За правење на омилените руски пељмени се потребни часови! Но, во советско доба беа измислени неколку справи кои ја олеснуваа оваа работа. Ова е една од нив и се нарекува „пиштол за пељмени“. Еве како се прави тоа: на половина од развиеното тесто обележете ги со пиштолот круговите за идните пељмени, а потоа ставете мелено месо во секој круг, поклопете го тестото со другата половина, притиснете го секое купче со „пиштолот“ и исфрлете ги пељмените. Звучи комплицирано, но кога ќе погледнете всушност е многу едноставно.

3. Модла за пељмени

Ваквите направи денес се многу почести отколку „пиштолите“ и исто така овозможуваат брзо да се направат голем број пељмени. Формите можат да бидат различни, не само за пељмени, туку и за манти (јадење на туркиските народи од полнето тесто). Оваа модла прави шестоаголни пељмени.

4. Апарат за кафе во автомобил

Овој мошне редок апарат се произведуваше во 70-тите и 80-тите години за љубителите на кафе. Апаратот за кафе во автомобил се напојува со струја од запалката за цигари. Обично, покрај апаратот за кафе, се добиваат и две филџанчиња. Во упатствата исто така се наведува дека уредот може да се користи дури и за време на возењето!

5. Електрична скара за раженчиња

Секоја пролет се отвора сезоната на скара во Русија. Луѓето се собираат на викендичките со пријатели и роднини и прават месо на скара. Но, што да правите ако немате дача или ако е времето премногу лошо? Советските пронаоѓачи за овие случаи направија необична електрична скара, на која раженчињата можете да ги подготвувате и дома!

6. Електричен самовар

Самоварите се произведуваат во Русија од средината на 18 век. Денес ретко се среќаваат во градовите, но и понатаму се произведуваат. Автентични самовари може да се видат на секој саем, додека електричните се користат во куќите и функционираат како чајници.

7. Кригла за квас 

Квасот е еден од најпопуларните пијалоци во Русија уште од старо време. Освежува во летните горештини и се пие разладен. Во минатото, квасецот се пиеше од необични чаши наречени квасники. Дупката во центарот служеше за ставање мраз што ќе го држеше пијалокот ладен. Овие кригли се прават и денес, но служат како сувенири, бидејќи секој има фрижидери за ладење.

8. Тава за колачи во вид на орев

Овој апарат наречен „орешница“ беше еден од најпопуларните во советската кујна. Денес сè уште може да се види во многу руски станови! Тоа е нешто како двострана тава за колачи во вид на орев. Колачите се полнети со варено кондензирано млеко. Поретко се сретнува и апарат за колачи во вид на печурки.

9. Апарат за манти  

Крупни парчиња полнето тесто варени на пареа се нарекуваат „манти“ и се традиционално туркиско јадење, кое стана дел од советската кујна и е популарно и денес. За да се поедностави процесот на подготовка, советските дизајнери дизајнираа тиган на повеќе нивоа за пржење наречен „мантоварка“. Функционира слично како лонец на пареа, но има повеќе нивоа и отвор во средината кој овозможува подобра циркулација на пареата.

10. Сепаратор за жолчки од јајце

Оваа необична направа во советско доба се користеше за одвојување на белките од жолчките. Жолчката остануваше горе, додека белката поминуваше во садот.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња