Руски гастрономи од воздухопловна бомба ФАБ-100 направија скара за ќебапчиња (ФОТО)

Со отстранување на детонаторот и експлозивното полнење на бомбата се отвори простор за инсталација на решетка, како и на корито за разгорување на огнот-жарта. Капацитетот на оваа скара дозволува истовремено да се печат 10-15 убаво наредени раженчиња/свински вратови, или 30-40 ќебапи. Импровизираната скара-бомба е поставена на дрвени ногарки и ги задоволува сите стандарди за прибор за подготвување разни јадења од месо.

На интернет-ресурсите се појави фотографија на која се гледа пренаменета воздухопловна бомба ФАБ-100 која ја користи ловечко-бомбардерската авијација на руската армија, вклучувајќи ги и хеликоптерите. Овој пат бомбата не е модифицирана за да носи уште поразорно боево полнење или да стане уште попрецизна/поубојна, туку е претворена за исполнување на фантазиите на љубителите на добрата кујна.

Со отстранување на детонаторот и експлозивното полнење на бомбата се отвори простор за инсталација на решетка, како и на корито за разгорување на огнот-жарта. Капацитетот на оваа скара дозволува истовремено да се печат 10-15 убаво наредени раженчиња/свински вратови, или 30-40 ќебапи. Импровизираната скара-бомба е поставена на дрвени ногарки и ги задоволува сите стандарди за прибор за подготвување разни јадења од месо.

Воздухопловните бомби со ознака ФАБ (скр. од фугасные авиабомбы /разорни бомби) се наоѓаат во вооружувањето на руското Воено воздухопловство, но и на армиите ширум светот. Нејзината основна функција е уништување копнени цели, што се постигнува со разорното дејство на нејзиното боево полнење кое е направено од најсилните експлозиви кои првенствено се користат во војската, како и со дробење на нејзиниот корпус (фрагментарно дејство). На боевото полнење отпаѓа околу 50% од масата на целокупната бомба. Бомбата се состои од цврсто тело (корпус) кое е во состојба да пробие покриви од цврста земја, како и бетонски плочи во повеќекатници. Овие бомби се произведуваат во огромен број варијанти кои се разликуваат по своите димензии и тежината. Така, постојат воздухопловни бомби ФАБ-50, ФАБ-100, ФАБ-250, ФАБ-500, ФАБ-1000, ФАБ-1500, ФАБ-2000, ФАБ-3000, ФАБ-5000 и ФАБ-9000.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња