Највкусните советски лимонади: Што пиеле во СССР наместо Кока-кола и Пепси? (ФОТО)

Харисон Форман/Leonoro Karel/russiainphoto.ru, Archive photo
Во советските продавници немало нити Пепси, ниту Кока-кола, ниту Фанта, но луѓето можеле да изберат некој од домашните освежителни пијалаци. Многу од нив биле направени на база на лековити билки.

Бајкал

Пијалакот „Бајкал“ е замислен како алтернатива на „Пепси“, но освен бојата немаше ништо заедничко. Направен е во 1973 година во Москва на база на кантарион, сладунче и масло од смрека. Вкусот бил неповторлив! Подоцна излегло дека нема доволно кантарион за индустриско производство, па најпрво бил заменет со црн чај, а потоа со мешавина на глог и јаребика, при што тоа не влијаело на вкусот.

Сајани

Во основата на овој пијалак кој го добил името по Сајанските планини на Сибир, лежи екстракт од планинска трева, корен на марал и газирана база од лимон. Коренот од марал има ефект на будење, пијалакот имал златеста бока и фина арома на четинари. Пијалакот е направен уште кон крајот на педесеттите години од минатиот век и бил популарен исто колку „Бајкал“ и „Тархун“.

Колокољчик

Сосема прозрачен пијалак направен од екстракт од билката ѕвонче ( на руски „колокольчик“). Уште во Стара Русија од него се правеле пијалаци на база на мед. Синиот цвет на оваа билка потсетува на ѕвоно, па оттаму и неговиот назив. „Колокољчик“ малку потсетува на „Спрајт“, но има понежен вкус.

Дјушес

Ова е еден од првите газирани пијалаци во СССР. Рецептот бил смислен уште во триесеттите години од минатиот век. Дјушес е вид круша со сладок и сочен вкус. Газираниот сок на база на лимонада во комбинација со сок од круша можел сосема убаво да се послужи како десерт.

Буратино

Еден од омилените сокови на советските деца! Направен врз основа на газирана база од лимон и екстракт од портокал. За негово производство се користени само природни состојки, па затоа „Буратино“ во стаклено шише можел да се чува само една недела.

Тархун

Рецептот за овој пијалак со зелена боја врз основа на кавкаската билка тархун (естрагон) се појавил уште во 1887 година, благодарение на аптекарот од Тифлис (денешно Тбилиси) Митрофан Лагиѕеу. За рецептот има добиено медали на меѓународни изложби и бил именуван за снабдувач на царскиот двор. Во советско време, 1927 година, станал директор на заводот за производство на газирани пијалаци во Тбилиси „Водите на Лагиѕеу“. Масовното производство на Тархун започнало дури во 1981 година. Пијалакот и денес е мошне популарен.

Ситро

Класична лимонада на основа на портокал, мандарина и лимон со додаток ванила. Називот потекнува од францускиот збор за лимон и според легендата овој сок се прославил во Русија по Татковинската војна од 1812 година кога руските офицери го пробале во Париз и го донеле дома. Во шеесеттите години од минатиот век било модерно да се пие „Ситро“ во бифето на Бољшој театар. Се сметало дека тие служат „вистински“.

Крем-сода

Што ќе добиете доколку помешате сода-вода и сладолед? Точно, крем-сода. Првобитно овој рецепт го смислиле во САД. Во неговата основа биле изматени белки со додатоци. А, советската „Крем-сода“ се правела на основа на ванила и кумарин. Така се добил вкус на газиран сладолед.

Лиса и виноград

Овој сок го има добиено името по истоимената басна „Лисицата и грозјето“. Во неговата основа бил сок од грозје со додаток сируп од аронија, етерично масло на вид пелин и есенција од перуника.

Бахмаро

Сокот чиј назив на грузински значи „прекрасен“ бил првиот ладен чај во СССР. Кон крајот на седумдесеттите години од минатиот век во грузинскиот научно-индустриски центар за чајна индустрија развиена е технологија за производство на течни концентрати на чај и направен е пијалакот Бахмаро. Имал кисело-сладок вкус и арома на чај со лимон.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња