Сé поблиска до Македонија! Русија првпат го загуби статусот на земја со традиција на пиење чај

Global Look Press
Русите минатата година испија 180 илјади тони пијалаци од кафе и 140 илјади тони чај.

Во изминатите две години Русите трошеле приближно еднакви количини кафе и чај, по 160 илјади тони, додека претходно доминантен пијалак беше чајот, пишува порталот РБК.

Податоците се во корелација со статистиката за увоз на Федералната царинска служба според која во 2019 година Русија увезла 413,3 илјади тони кафе (дури не сметајќи го инстант-кафето) и 314,2 илјади тони чај. Зголемувањето на потрошувачката на кафе го забележаа и истражувачката компанија GfK и трговците на прехранбените производи.

Интересно е што на Русите при посетата на Македонија кафето речиси секогаш им остава силен впечаток. Варењето во ѓезве и традиционалната конзумација на овој напиток тие го доживуваат како специфичност и егзотична особина на македонскиот начин на живот во однос на Русија каде што многу почесто се пие чај.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња