Секоја есен домаќинките ја покажуваат својата умешност во подготовка на ајвар и пинџур, кој во Русија е познат како „јазик на тештата“. Токму така! Зашто е лут како јазикот на нејзината мајка, а уште и зашто зеленчукот е исечен на парчиња кои потсетуваат на јазик.
4 модри патлиџани
2 црвени пиперки
4 домати
2 супени лажици доматно пире
1 свежа или сушена лута пиперка
5 чешниња лук
1 супена лажица оцет
масло, сол, црн пипер
1. Измијте ги модрите патлиџани и отсечете им ги петелките. Исечете ги по должина на кришки со дебелина од околу половина сантиметар. Посолете ги од двете страни и ставете ги на решетка за да го испуштат вишокот вода (околу 15 минути). Потоа избришете ги со хартиена салвета. Така ќе ја намалите горчината.
2. Исчистете ги црвените пиперки и исечете ги колку што е можно поситно. Доматите исто така исечкајте ги поситно.
3. Исчистете го лукот и ситно изрендајте го. Лутата пиперка исечкајте ја ситно. Потоа во тава со средна големина загрејте масло и ставете ја пиперката. Пржете дури не омекне пиперката. Потоа додајте го лукот и пржете дури не замириса. Додајте го доматот и пирето од домати. Динстајте на средна температура 5-10 минути, Додајте го оцетот, лутата пиперка, сол и црн пипер по вкус.
4. Во посебно тавче загрејте масло. Внимателно испржете ги кришките модар патлиџан додека не добијат златно-жолта боја од двете страни. По потреба додајте масло. Исцедете го модриот патлиџан со помош на хартиени салвети.
5. Кога ќе биде готов модриот патлиџан, подгответе тегла или длабока чинија. На дното ставете парчиња модар патлиџан и покријте со малку мешавина од домат и пиперка.
6. Продолжете да редите во слоеви наизменично, притискајќи го зеленчукот со лажица. Потоа почекајте да се излади и уживајте! Или затворете ја теглата и зачувајте ја за назима!
Прочитајте исто така: Што е тоа чеБУРЕК? Руско јадење што само се римува со македонскиот БУРЕК?
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче