Од каде на венчавката на Пушкин и Наталија Гончарова круните на Екатарина Велика и Потемкин?

Музеи на Московскиот Кремљ
За време на обредот над главите на младоженецот и невестата се држеле венчални круни од позлатено сребро, украсени со бисери, дијамантски крстови и ликовите на Света Катерина и Ѓорѓи во емајл!

На тој студен 2 март 1831 година, во црквата „Големото Вознесение“ кај Никитската капија во Москва се собрал мноштво народ кој сакал да присуствува на венчавката на познатиот поет Александар Пушкин и големата московска убавица Наталија Гончарова. Меѓутоа, во црквата можеле да влезат само роднини и блиски пријатели.

За време на обредот над главите на младоженецот и невестата се држеле венчални круни од позлатено сребро, украсени со бисери, дијамантски крстови и ликовите на света Катерина и Ѓорѓи во емајл! Легендата вели дека тие круни ги нарачал за својата црковна венчавка со императорката Екатерина Велика кнезот Григориј Потемкин!

Се чинело дека сè беше против овој брак. Неодамна починал пријателот на поетот Антон Дељвиг, венчавката не можела да се одржи во црквата каде што првично била планирана, па со молскавична брзина требало да се најде друга, а на денот на венчавката, идната баба на поетот изјавила дека нема да има венчавка бидејќи невестата немала пари да изнајми кочија до црквата.

Венчавка сепак имало. Само што била проследена со лоши предзнаци. Свеќата во рацете на Пушкин изгаснала, а вљубената двојка била толку возбудена што им испаднала една од бурмите, па поетот морал да ја земе од подот. Цела низа непријатни коинциденции, според присутните, привремено го збркале Пушкин, но младенците сепак многу брзо отпатувале во Петербург и заборавиле на лошите предзнаци и суеверието.

Црквата била затворена од советската власт во 1931 година, а венчалните круни завршиле во Оружејната палата, каде што се чуваат и ден-денес. Можат да се видат на изложбата „Пушкин. 225“ во Државниот музеј „А. С. Пушкин“ која трае до 30 јуни оваа година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња