Кое е најголемото скриено богатство пронајдено во Русија?

Александр Гаљперин/Sputnik
Што може да биде пораскошно од Килибарната соба? Само богатството на семејството Наришкини!

Реновирањето честопати наликува на временска непогода, но понекогаш може да помогне при неочекувани откритија. За време на градежните работи во петербуршката вила на семејствата Трубецкој и Наришкин во 2012 година беше отстранет подот меѓу вториот и третиот кат. Градителите беа вчудоневидени: пред нив лежеа вреќи со сандаци и ковчези во кои беа пронајдени сребрени есцајг, медали, накит, часовници, огромни самовари, свеќници и многу други предмети.

Меѓу другото, имаше и неколку сервиси за јадење, меѓу кои и сребрен свечен комплет од двесте парчиња, произведен од фирмата на Игнатиј Сазиков. Дури и ситница како соларник е вистинско уметничко дело, а пехарите за вино се украсени со поговорки и изреки како „Душа врела желна за вино“.

Има и сребрени предмети, скапоцени камења и грбови на кнежевските семејства Наришкини и Сомови. Станува збор за двесте скапоцености тешки четиристотини килограми кои со децении биле скриени заедно со документите и медалите на оној што го сокрил богатството - поручникот на гардата на Хусарскиот полк Сергеј Сомов, сопруг на Наталија Наришкина.

За разлика од другите благороднички скапоцености кои биле предадени на музеи или продадени во странство, оваа колекција е зачувана во целост. Се смета дека е најголемото скриено богатство пронајдено во Русија, а се чува во музејот „Царско село“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња