Овој Кореец се бореше во јапонската, советската и германската армија!

Јанг Кенџон

Јанг Кенџон

Архивска фотографија
Многу истражувачи изразуваат голем сомнеж кога станува збор за неверојатната судбина на Јан Кенџон. Меѓутоа, во Кореја ја сметаат за сосема вистинита. Врз основа на неговата биографија, таму во 2011 година беше снимен играниот филм „Мојот пат“.

Името на овој уникатен човек е Јанг Кјонџон. Роден е во 1920 година во градот Синуијџу кој, како и Кореја, бил дел од Јапонската империја.

На 18-годишна возраст Кјонџон бил мобилизиран во Квантуншката армија, која пролетта и летото 1939 година водела борбени дејствија против советските сили на реката Халкин Гол. Таму бил и заробен.

Според британскиот историчар Ентони Бивор, Кореецот бил мобилизиран во Црвената армија во 1942 година заедно со илјадници други затвореници.

На почетокот на 1943 година, кај Харков, Кјонџон повторно се нашол во заробеништво, овој пат германско. Таму Јанг раскажал дека служел во јапонската војска, па бил распореден во една од Источните легии за колаборационистите од редовите на советските воени заробеници.

Трет пат Јанг Кенџон бил заробен во јуни 1944 година по истоварувањето на сојузничките сили во Нормандија. Го заробиле припадници на американската 101-та падобранска дивизија.

Кореецот извесно време поминал во логор за воени заробеници во Велика Британија, а набргу по војната се преселил во САД, каде што живеел до својата смрт во 1992 година.

Многу истражувачи изразуваат голем сомнеж кога станува збор за неверојатната судбина на Јанг Кјонџон. Меѓутоа, во Кореја ја сметаат за сосема вистинита. Врз основа на неговата биографија, таму во 2011 година беше снимен играниот филм „Мојот пат“.

Во Црвената армија во тие години навистина се бореа стотици Корејци. На еден од нив, капетанот Александар Мин, кој загина во 1944 година, за примерно извршување на борбените задачи и искажаната храброст постхумно му беше доделено звањето Херој на Советскиот Сојуз.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња