Зошто речиси сите руски императорки по татко се викале Фјодоровна или Алексеевна?

Јавен домен
Не, нивните татковци не биле ниту Фјодор ниту Алексеј. А името по татко не го избирале сами.

За време на Руската империја, заради подобри односи со другите земји, руските цареви често се женеле со странски принцези, главно германски и дански. Во европската култура нема патроними, но руските владетели секако имале. Значи, од каде императорките-странкињи добивале име по татко?
Одговорот е, всушност, многу едноставен. За да може во Русија во XVIII век законски да се признае брак, требало да се добие дозвола од црквата и да се изврши обред според православната традиција. Принцезите морале да преминат во православие пред да бидат крунисани и венчани, инаку бракот се сметал за неважечки. На крштевањето добивале нови имиња и патроними кои понекогаш ги избирале постарите роднини, а понекогаш ги добивале во чест на семејната икона.

Меѓутоа, на идната императорка-странкиња името не можеле да ѝ го избираат името бидејќи и тие биле странци. Така црквата нашла елегантен излез од ситуацијата. 

Од каде пак сега Фјодор? 

Црквата им давала имиња на принцезите во чест на Фјодоровската икона на Мајката Божја. Според преданието, оваа икона настанала во XIII век, а потоа станала светиња на царската династија Романови.
Кога во 1613 година емисарите отишле во Кострома да го убедат Михаил Фјодорович (првиот цар од династијата Романови) да го прифати престолот, најголемата светиња во Кострома била Фјодоровската икона. И иако во изворите од тоа време директно не се споменува како некој го благословил новиот цар токму со оваа икона, малку подоцна, веќе во XVII век, иконата почнала да се споменува токму во тој контекст.
Да речеме во Новиот летопис, летописен извор во кој се докажува правото на Романови на рускиот престол.

Портрет на Михаил Фјодорович

Покрај тоа, при заминувањето од Кострома за Москва, монахињата Марфа (мајката на идниот цар) понела со себе копија на Фјодоровската икона, која не била поставена во Успенскиот соборен храм во Москва, туку во црквата „Рождество на Пресвета Богородица на Сењах“, домашната црква на владетелот, која се наоѓа во резиденцијалниот дел на Кремљ. Покрај тоа, за време на неговото владеење, Михаил Фјодорович постојано испраќал во Кострома скапоцени опкови и украси за икони и вложувал во костромската Успенска соборна црква каде што се наоѓала иконата. Со други зборови, иконата била исклучително важна за Романови. 

Фјодоровна и Фјодорович 

Самиот обичај да се даваат имиња во чест на иконата датира од XVII век. Во исто време, Фјодоровна станувале не само странкињите-избранички на руските цареви. Кон крајот на XVII век на тој начин ги промениле имињата по татко животните сопатнички на царевите Петар I и Иван V - Евдокија Иларионовна Лопухина и Прасковја Александровна Салтикова.

Портрет на Лопухина

Покрај нив, нови имиња и имиња по татко подоцна добиле и цариците, чии имиња биле уште потешки за изговарање:

Софија Марија Доротеа Августа Луиза Виртембершка - Марија Фјодоровна

Фредерика Шарлота Вилхелмина од Прусија – императорка Александра Фјодоровна

Марија Софија Фредерика Дагмар oд Данска
– императорка Марија Фјодоровна

Алиса Викторија Елена Лујза Беатрис од Хесен Дармштатска – Александра Фјодоровна

Портрет на Екатерина I

И внукот на Петар Велики - Карл Петер Урлих, кога се покрстил од лутеранство и бил прогласен за наследник на рускиот престол почнал да се нарекува Петар Фјодорович.

Портрет на Петар III

Кои императорки биле Алексеевна?

Меѓутоа, Фјодоровна не е единственото име по татко што го носеле императорките на рускиот престол. Тие биле и Алексеевна.
Првата со таков патроним била Екатерина I. Пред да стапне на престолот се викала Марта Скавронска. Била втора сопруга на Петар Велики. Новото име го добила во чест на нејзината кума, Екатерина Алексеевна, сестра на императорот Петар Велики.

Цариците подоцна многу често се викале Алексеевна (иако не сите), но во чест на нивните претходнички, така што, на пример, и Екатерина Велика била Алексеевна, во чест на претходната царица, Екатерина I.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња