Секое руско дете уште од најрана возраст знае за Иљја Муромец, најсилниот и најхрабриот руски богатир. Тој е рускиот пандан на Херакле, непобедлив воин кој може да го победи секој противник, било да е тој уште еден руски богатир или негативец како Славеј арамијата.
На познатата слика „Богатири“ на Виктор Васнецов, Иљја Муромец е прикажан во средината и изгледа поголем и посилен од неговите другари. Дури и неговиот коњ изгледа помоќно од другите.
Богатири (1881—1898), Виктор Васнецов
Третјаковска галеријаНајверојатно на сликата „Богатирски скок“ Васнецов повторно го прикажал Иљја Муромец. Тој носи меч, штит, копје и камшик, а ждребецот се исправа на задните нозе до небото.
Богатирски скок (1914), Виктор Васнецов
Дом-музеј на В.М. ВаснецовБуквално екранизирајќи ја сликата на Васнецов, Иљја Муромец на црн коњ го прикажа и советскиот режисер Александар Птушко. (ОВДЕ можете да го погледнете неговиот филм „Иљја Муромец“).
Постерот за филмот „Иљја Муромец“ (1956), О. Волков
Издательство «Рекламфильм»Тој е пред сé популарен јунак од фолклорот и актер на голем број настани од народните епски песни, таканаречени билини. Легендарниот лик на Муромец бил толку позната што навлегол дури и во скандинавскиот и германскиот епос, каде што Муромец се појавува како руски јунак.
Во првите 33 години од животот, Иљја од градот Муром бил парализиран. Фактички тој постојано лежел на печката, а за него се грижеле неговите родители. Но, еднаш го посетиле старци аџии кои не само што го излекувале, туку и му дале натчовечка сила. И му наложиле да оди и да служи кај кнезот Владимир Црвеното Сонценце (за чиј прототип се смета кнезот Владимир Свјатославич, кој го донел христијанството во Русија).
Така, Иљја Муромец почнал да се бори за Русија и да ја брани од непријателски напади и сите зли сили.
Иако Иљја Муромец бил еден од најпопуларните фолклорни јунаци, неговото име не се споменува во летописите. Руските епски песни биле запишани дури во XVIII век, а пред тоа биле пренесувани само усно. Затоа секој регион имал свои варијации на сижето, па дури и неколку различни верзии за тоа како умрел богатирот: некаде бил скаменет, некаде доброволно легнал во гробот, а некаде отпловил во непознати далечини.
Меѓутоа, настаните запишани во фолклорот се одиграле, според проценките, некаде во X-XI век. Временското растојание е преголемо и затоа не може со сигурност да се каже дали Иљја Муромец навистина постоел ниту која реална личност стои зад овој колективен лик.
Сергеј Пјатаков/Sputnik
Најблиска личност на богатирот е свети Илија Муромски (Печерски). Затоа тој најчесто се смета за прототип на Иљја Муромец. Роден во Муром, тој бил монах на Киевско-Печерскиот манастир. Постојат многу легенди за неговата физичка сила и за тоа како успеал со една чизма да се одбрани од непријателите кои го нападнале манастирот. Можно е пред да се замонаши да служел како војник кај киевскиот кнез.
Најраното пишано сведоштво за таков монах потекнува од 1638 година, а во 1643 година бил прогласен за светец (заедно со уште неколку киево-печерски монаси).
Икона од XIX век
Јавен доменВо пештерите на Киевско-Печерската лавра се чуваат моштите на Илија Печерски, а особено е интересна неговата десна дланка преклопена како за молитва: показалецот и средниот прст се испружени и споени, а домалиот и малиот прст се свиткани (таквата положба на прстите била во употреба пред црковните реформи во XVII век).
Во советско време е направена експертска анализа на моштите, при што е утврдено дека моштите припаѓаат на човек со силна градба и висина од околу 177 сантиметри, што во XII век било повеќе од просекот. Утврдена е и приближната возраст на починатиот - 40-45 години. Исто така, на шаката е пронајдена рана од копје, што ја потврдува претпоставката за воинственото минато на монахот.
Затоа овој светител се смета за покровител на разни видови војска, а на многу икони и скулптури е прикажан со меч или со копје и на коњ.
Но, најинтересно е што советските експерти открија дефекти на 'рбетот кои сведочат дека тој во младоста можел да страда од заболувања на мускулно-скелетниот систем. Значи, можно е свети Илија, како и неговото алтер его од билините, да бил неподвижен во младоста, а потоа на чудесен начин да оздравил и станал силен.
Покрај тоа, во православната свест, фолклорниот Иљја Муромец често се поврзувал со библискиот пророк Илија. Кога грмело и светкало, во Стара Русија се верувало дека Иљја се вози на небото во својата кола.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче