
Захар Сорокин
Ловецот на Алексеј Маресјев беше соборен на 5 април 1942 година над шума во Новгородската област и на пилотот му требаа осумнаесет дена да стигне до своите. Двете нозе поради гангрена му беа ампутирани.
Маресјев не сакаше да се збогува со небото и почна упорно, со страшни болки, да користи протези. На крајот успеа да се врати во воената авијација, каде што извојува седум победи во воздух.
Леонид Белоусов имаше триесет и пет пластични операции на лицето откако неговиот ловец И-16 се запали за време на слетување во 1938 година. На почетокот на војната против Германците неговите нозе, кои беа зафатени од изгореници во пожарот, повторно почнаа да му прават проблеми. Поради гасна гангрена на пилотот му беа ампутирани двете нозе, од кои едната била над коленото.

Леонид Белоусов и Григориј Шулеј до авион. СССР, 1944.
TASS„Поминав четиристотини дваесет и шест дена во болница“, се сеќава Белоусов. „Зајакнав по две тешки операции, научив да одам и да „управувам“ со протези. Од ден на ден го зголемував оптоварувањето врз нозете. Понекогаш ги повредував до крв, но не ги прекинував тренинзите“.
Пилотот се врати во строј во 1944 година. До крајот на војната изведе 40 борбени летови и собори еден непријателски авион.
Судбината на Захар Сорокин во голема мера потсетува на онаа на Маресјев. По итното слетување во поларната тундра на 25 октомври 1941 година, му требаа шест дена да стигне до советските позиции. Пилотот пропаѓаше во дупки во мразот на едно езеро, се бранеше од волци и дури пиеше и нивна крв за да си ја врати силата.

Мурманска област, СССР, ноември 1941. Советскиот пилот на авион-ловец Захар Сорокин.
TASSНа Сорокин му беа ампутирани двете стапала, но тој се врати во својот полк и собори дванаесет германски авиони. Военото аташе, кој му го врачи Орденот на Британската империја за учеството во покривањето на арктичките конвои, рече: „Сè додека има такви луѓе во Русија, таа е непобедлива.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче