Членовите на Сојузот за борба за ослободување на работничката класа, Санкт Петербург, 1897.
Public domainЛидерот на болшевичката партија ги има направено првите чекори на револуционерното поле уште на Казањскиот универзитет, каде што студирал право. Тој во 1887 година по три месеци студии, уапсен на неколку денови поради учество во студентски штрајк. Тоа било неговото прво апсење. Поради тоа е исфрлен од универзитетот и депортиран од Казањ. Подоцна му е простено и тој се запишал во Санкт Петербург. Тука веќе сериозно се вклучил во револуционерните активности.
Ленин меѓу селаните, село Шушенское
Василиј БасовВо Санкт Петербург имало многу марксистички кружоци, па Ленин во 1895 година го основал својот кружок „Сојуз за борба за ослободување на работничката класа“. Поради организацијата и дејствувањето на „Сојузот“ е уапсен, па затоа минал 14 месеци во затвор. По истекот на казната е прогонет во селото Шушенское (Крaснојарски крај, Сибир) на три години. Во прогонство се венчал со Надежда Крупскаја, со која го минал остатокот на животот. Дури во февруари 1900 година, кога истекол периодот на прогонството, Ленин го напуштил Шушенское.
Ленин и Крупскаја 1895.
Public domainНо, кратко бил на слобода. Веќе во јуни повторно е уапсен во Санкт Петербург на 10 дена. Набргу заминал во странство, за во 1914 година повторно да го уапсат во Поронин (тогашна територија на Австро-Унгарија). Еден месец подоцна е ослободен и потоа никогаш не е апсен зашто живеел во странство, а во Русија се вратил дури по Февруарската револуција од 1917 година.
Вкупно (вклучувајќи го прогонството) околу 4 години и 3 месеци минати во затвор.
Сталин во затвор во Баку, Азербејџан, март 1910.
Public domainИдниот „татко на народите“ на 15 години се приклучил во работата на марксистичкото здружение, а веќе на 17 станал член на Тифилиската организација во рамките на Руската социјалдемократска работничка партија во Грузија. За првпат е уапсен во 1902 година во Батуми кога имал 22 години. Оттаму е префрлен во затворот во Кутаиси, а потоа е испратен во Сибир. По ова прво апсење Сталин (тогаш Џугашвили) минал во затвор една година и 9 месеци.
Следниот пат е уапсен во 1908 година поради напад на складиште со оружје (сакал да обезбеди оружје за партијата). Уапсен е во Баку и депортиран во Вологодската губернија (север на европскиот дел од Русија), но на 24 јуни 1909 година избегал. Набргу е повторно уапсен и испратен на отслужување на остатокот од казната. Таму останал до 1911 година по што е прогонет во Волгода и ставен под полициски надзор. И оттаму избегал во 1912 година, за во 1913 да биде повторно уапсен, прогонет и ставен под полициски надзор, но во Туруханската област (Сибир). Подоцна тој и неговиот иден колега-револуционер Јаков Свердлов се прфрлени во сибирското село Курејка, над Поларниот круг. Оттаму Сталин не успеал да избега и останал до 1916 година.
Ј. В. Сталин во Туруханската област
Јарослав НиколаевВеста за Февруарската револуција Сталин ја дочекал во Ачинск, град оддалечен 1.000 километри од Курејка. Таму заедно со останатите заробеници бил испратен за регрутирање. Меѓутоа, било утврдено дека не е способен за воена служба, па останал во градот до истекот на казната, а во март 1917 година се вратил во Петроград.
Вкупно (вклучувајќи ги прогонствата) 8,5 години поминати во затвор.
Лев Троцки во затвор во Петропавловската тврдина, Санкт Петербург, 1906.
Public domainЕден од водачите на Октомвриската револуција и основач на Црвената армија се заинтересирал за марксизмот како матурант во училиште. Учествувал во формирањето работнички кружоци уште во 1897 година, кога имал 17 години (тогаш се презивал Бронштејн). На 19 години за првпат е уапсен. По речиси две години затвор осуден е на прогонство во источен Сибир, каде што требал да мине 4 години. Меѓутоа, успеал да избега во август 1902 година.
Избегал во странство, но во 1905 година решил да се врати во Руската Империја. И покрај конспирацијата откриен е и уапсен во декември истата година и осуден е на прогонство во Сибир, на неопределено време. Во февруари 1907 година повторно бега и така започнува неговата втора емиграција.
Лев Троцки 1900 година во Сибир.
Public domainВо април 1917 година британските власти го уапсиле на пристаништето Халифакс. Набргу е пуштен по што се враќа во Петроград. Во јули е повторно уапсен поради сомнеж дека соработувал со германските тајни служби, па е пуштен во септември.
Лев Троцки со втората сопруга Наталија Седова, 1924 година.
Topical Press Agency/Hulton Archive/Getty ImagesБи можело да се помисли дека од октомври 1917 година Троцки станал неприкосновен, но по смртта на Ленин започнува внатрепартиската борба, и во судир со Сталин Троцки доживува пораз. Во ноември 1927 година е исклучен од партијата, а во јануари 1928 година е испратен во прогонство во Алма Ата (Казахстан), од каде успева да замине во странство. Таму повеќе пати го менува местото на престој за во 1935 година да се најде во Норвешка. Во септември 1936 година норвешките власти под притисок на СССР го ставаат Троцки во домашен притвор. Во декември истата година добива мексиканска виза и ја напушта земјата.
Вкупно (вклучувајќи ги прогонствата) 7,7 години поминати во затвор.
Идниот основач на советските органи за државна безбедност стапил во социјалдемократската партија на 18 години, уште како ученик во гимназијата во Вилнус (Литванија). Тој во 1896 година ги напуштил студиите за целосно да ѝ се посвети на револуционерната дејност.
За првпат е уапсен веќе во јули 1897 година, а во мај 1898 е прогонет на 3 години во Вјатската губернија (територијата на денешна Кировска област и Удмуртија, околу 1.000 километри од Москва), но во август 1899 година избегал. А, потоа во јануари 1900 година е повторно уапсен и прогонет на 5 години во Источен Сибир. Во јуни 1902 година повторно успева да избега од прогонство. До 1905 година го минува времето во странство, а по враќањето во Варшава повторно е уапсен. Набргу е ослободен по амнестијата во врска со револуцијата од 1905 година.
Ѕержински повторно доаѓа во затвор следната 1906 година од каде е пуштен по шест месеци со кауција. Потоа во 1908 година е уапсен и со оглед на сите достигнувања во револуционерната дејност го испраќаат на доживотно прогонство во Сибир. Во декември 1909 година бега од Сибир и заминува во странство.
Плоштадот Лубјанка, Москва
Владимир Федоренко/SputnikОд странство Ѕержински се враќа во Варшава во јануари 1912 година и успешно се крие од властите сѐ до септември. Тогаш среќата го напуштила. Уапсен е и во затвор минал 2 години, а потоа е осуден на три години тешка принудна работа. Не успеал да ја избегне оваа казна, па од затворот излегол дури во 1917 година благодарение на победата на Февруарската револуција.
Вкупно (вклучувајќи ги прогонствата) околу 12 години поминати во затвор.
Членот на Политбирото на ЦК КПСС (извршно тело на Комунистичката партија), а пота и водач на десничарската опозиција, уште во лицејот станал член на радикална студентска група. Бухарин ѝ се приклучил на партијата во 1906 година.
За првпат е уапсен во 1909 година, а ослободен е еден месец подоцна по што се повлекува во илегала. Меѓутоа, веќе кон крајот на 1910 година полицијата ги приведува сите московски водачи, вклучувајќи го и Бухарин. Во јуни 1911 година е осуден на три години прогонство во Онега (Архангељска област, северен европски дел на Русија), но во август бега, и во Русија се враќа дури во 1917 година.
Во странство често го апселе и го осудувале на затворски казни за кражби. По враќањето во Русија уште неколку дена минува во затвор во Чељабинск (Урал, околу 1.7000 километри од Москва) поради агитација на морнарите.
По сево ова Бухарин станува една од најистакнатите личности во партијата. Меѓутоа, политичката кариера му ја уништува конфликтот со Сталин. Со уште двајца партиски лидери е обвинет за отстапување од партиската линија, а во ноември 1929 година е исфрлен од Политбирото. Против него веќе во јануари 1937 година е подигнато обвинение за заверенички активности, а во февруари е уапсен и држен во затвор сѐ дури не е погубен во март 1938 година.
Вкупно (вклучувајќи ги прогонствата) околу 2 години поминати во затвор.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче