Тој беше највисокиот човек во Руската империја!

Фјодор Махнов околу 1919 година.

Фјодор Махнов околу 1919 година.

Hulton Archive/Getty Images
Фјодор Махнов не беше само џин, туку и неверојатно силен човек. Лесно кршеше тули со рацете, виткаше железни шипки и повторно ги исправаше.

До осумгодишна возраст, Фјодор Махнов (1878-1912) од Витепската губернија се развивал како обично момче, а потоа почнал забрзано да расте. До 14-годишна возраст веќе достигнал два метри во височина, но не запрел на тоа.

Фјодор Махнов околу 1910 година.

Кога неколку години подоцна Махнов бил поканет да работи во циркус, тој веќе бил висок 239 сантиметри. Според некои сведоштва, Фјодор бил многу повисок - 285 сантиметри. Меѓутоа, таквото претерување веројатно се должи на желбата на организаторите на циркуските претстави да привлечат што повеќе публика.

Џинот ги привлекувал гледачите не само со својата висина, туку и со својата сила. Лесно кршел тули со рацете, виткал железни шипки и повторно ги исправал.

Како дел од циркуската трупа, Махнов бил на турнеја низ цела Европа и Северна Америка. За време на турнеите се сретнал со претседателот на САД Теодор Рузвелт и својот колега - „Кардифскиот џин“ Џорџ Огер (226 см).

Фјодор Махнов и Џорџ Огер во Америка, 1906.

Фјодор бил оженет со селската учителка Ефросинија Лебедева, која не била повисока од два метри. Имале пет деца, но ниту едно од нив не можело да се пофали со висината на својот татко.

Фјодор Махнов во Берлин, 1903.

Последните години од животот Махнов ги поминал во својата татковина на имотот во близина на Витебск (на територијата на денешна Белорусија) што самиот го купил, а кој локалните жители го нарекле „Џиновиот салаш“. Починал во 1912 година на 34-годишна возраст од непознати причини.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња