Агентите на ЦИА не можеа да продрат во активна пловечка станица и затоа чекаа сантата мраз да почне да се распаѓа и од неа да бидат евакуирани советските поларни истражувачи. Постоеше веројатност Советите да не можат понесат дел од нивната опрема со себе.
Евакуација на заглавено возило
Getty ImagesТака и се случи со станицата „Северен пол-8“, на која на 28 мај 1962 година од бомбардер В-17 се спуштија мајорот Џејмс Смит и поручникот Леонард Ле Шек. За трите дена што ги имаа на располагање, американските агенти открија над 80 важни документи, собраа фрагменти од оставената советска опрема и направија стотина фотографии.
Мерења на пловечката станица „Северен пол-8“.
Лав Поликашин/SputnikМразокршач не можеше да се пробие низ повеќегодишните наслаги на мраз, хеликоптер немаше да може да стигне до нив, а за авион беше опасно да слета на санта што се распаѓа. Затоа, беше одлучено агентите да се евакуираат заедно со собраниот материјал со помош на „небесна кука“ - систем за евакуација дизајниран од ЦИА.
Пловечката станица „Северен пол-9“
Лав Поликашин/SputnikДодека балонот исполнет со хелиум се искачуваше до потребната висина, на земја чекаше агент, врзан за него со јаже. Авионот ќе се приближеше и со помош на специјални „мустаќи-вилушки“ ќе го пресечеше јажето, откачувајќи го балонот. Јажето автоматски ќе се намоташе на чекркот што го вовлечуваше агентот во авионот.
B-17G N809Z, користен во операцијата за спасување „Колдфитˮ.
Uli Elch (CC BY-SA 4.0)Благодарение на успешно спроведената „Колдфит“, Американците дознаа дека Советскиот Сојуз постигнал сериозен напредок во поларната метеорологија и поларната океанографија. Покрај тоа, тие добија и докази дека Русите користат акустична опрема за откривање на американските подморници на Арктикот.
Американските научници по спасувањето од советската пловечка станица.
Public domainПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче