Како советски бомбардер по грешка се најде во Иран

Н. Веринчук/Sputnik
Ноќта на 24 март 1983 година, група тешки суперсонични бомбардери Ту-22К полета од воениот аеродром во Моздок во Северен Кавказ. Според сценариото на вежбата, авионите требаше да дејствуваат по цели во Каспиското Море и да го продолжат летот до Белорусија.

Непосредно пред полетувањето, поради временските услови кои нагло се променија, на екипажите им беше наредено да го сменат курсот и да полетаат во спротивен правец, т.е. од запад кон исток и да ги направат потребните промени во навигацискиот систем на авионот. Меѓутоа, поради грешка на навигаторот, авионот со број 63 не ги внесе овие измени.

Овој бомбардер по полетувањето тргна во спротивна насока во автоматски режим, т.е. дијаметрално спротивна од зададената маршрута. Летот беше во режим на радио-тишина и никој не ја забележа грешката ниту на небото ниту на земјата.

Наместо во Каспиското море, авион бр. 63 дејствуваше по случајна цел во Азовското Море и се упати во правец на иранската граница. Според задачата, операторот постави пасивно попречување, што му овозможи на бомбардерот да им избега на советските ловци кои се кренаа да го пресретнат непознатото летало.

Незабележан од иранските сили за противвоздухопловна одбрана, Ту-22К навлезе во иранскиот воздушен простор и набрзо се најде над Техеран. „Командиру, поминуваме над Курск. Таму живее мојата тешта“, јави навигаторот преку интерфонот.

Следното утро екипажот беше изненаден кога го виде сонцето како изгрева од погрешна страна, а под планини покриени со снег, кои никако не можеа да бидат во Белорусија. Увидувајќи ја грешката, командирот го прекина режимот на радио-тишина ја пријави вонредната ситуација во која се најдоа. За тоа време сите во СССР го бараа исчезнатиот бомбардер бр. 63.

Ту-22К остана речиси без гориво, но сепак стигна до аеродром во Туркменистан. Веднаш започнаа проверки и истрага. Меѓутоа, бидејќи беше јасно дека никој немал намера да го грабне авионот и да побегне во странство, не беа преземени сериозни санкции спрема екипажот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња