Кнезот Владимир, во чие време Русија била покрстена, во 988 година отворил школа при дворот за „посебни деца“, односно за деца од благодорничките семејства. Во неа децата учеле „умешност“, односно различни дисциплини, меѓу кои биле и странски јазици, па и латински кој тогаш бил јазик на европската дипломатија. Во школата оделе и потомци на странците што живееле при дворот на кнезот, така што комуникацијата секако се водела на различни јазици. Синот на Владимир Јарослав Мудри ја основал првата преведувачка школа при храмот Света Софија во Киев.
„Литературните“ странски јазици, односно грчкиот, латинскиот и други јазици на старите писмености, обично биле застапени при црковните институции. „Латинската азбука не е кригла пиво“ (Азбука латине – не пиво в братине), се велело во смоленскиот и во псковскиот крај уште во 13 век, кога бурно се развивале политичките и трговските односи помеѓу Русија и Европа, што зборува за тоа дека навистина многумина учеле латински. Во Смоленск постоела дури и световна (граѓанска) школа по латински јазик.
Трговците, наемниците, кочијашите и занаетчии, секако, не учеле јазици при црквите и манастирите, но самостојно, зашто на тоа ги терала работата и начинот на живот. Како и денес, луѓето и тогаш земале „приватни часови“ кај човек што го знаел тој јазик, а тоа можел да биде монах, литерат, образован професионален воин или искусен трговец.
Заиконоспаски манастир, Москва.
Ludvig14 (CC BY-SA 3.0)Како што пишува истражувачот Роман Жанара, „мошне се оскудни податоците за методиката на тогашната настава“. Кога некој учел јазик во странство, тој со „директен метод“ слушал нови зборови и изрази непосредно од природните говорители во текот на секојдневните активности и комуникации. Наставата во Русија подразбирала преведување текстови и учење напамет.
Во тоа време стандардот на обуката бил понизок, односно не се барало познавање на странски јазик на високо ниво. На пример, во преведувањето обично не се водело сметка за стилот и за структурата на оригиналната реченица, се пренесувала нејзината смисла. И секако, огромен број луѓе знаеле само да зборуваат странски јазик, и тоа прилично добро, но не и да читаат и да пишуваат. Овие луѓе всушност биле неписмени и затоа не оставиле никакви писмени извори.
Пред 18 век тој бил најважниот јазик на меѓународната официјална дипломатија. На латински се составувале договори, повелби и трговски спогодби помеѓу руските земји и западноевропските кнежевства и држави. Овој јазик го користеле дипломатите и нивните соработници во официјални ситуации.
Пратеници на папата кај Иван Грозни, 1884 година.
Public domainКатоличката црква на богослужбите користела латински. И руските православни свештенослужители кои коимуницирале со своите европски колеги знаеле латински.
Во осумдесеттите години од 18 век латинскиот бил основен јазик на кој се држела настава на универзитетите во Чешка и во германските држави. Речиси сите руски момчиња што се школувале во Европа морале да зборуваат и да пишуваат на латински. Во 18 век латинскиот бил меѓународен јазик на науката. Со своето знаење на латинскиот се гордеел, да кажеме, големиот просветител Михаил Ломоносов.
Жителите на руските земји од древни времиња одржувале контакти со Византија, што значи дека морале добро да го познаваат грчкиот јазик. Пред да научат словенски, првите православни свештеници кои пристигнале во Русија вршеле богослужба на грчки. За волја на вистината, Светото Писмо е преведено на црковнословенски уште во 9 век, така што богослужбите на руските земји набргу преминалe на овој јазик. Сепак, грчкиот и понатаму се користел за комуникација со „Грците“, како што тогаш Русите ги нарекувале сите жители на Византија.
Монаси препишувачи на книги
Public domainВо Византија често патувале руски трговци, монаси, наемници, дипломати и книжевници. Тие можеби не го познавале класичниот грчки јазик, но сигурно можеле усно да се разбираат на димотикија, разговорниот грчки. Општествената елита којашто во Стара Русија се формирала во 10 и во 11 век, или знаела грчки или користела преведувачи зашто комуникацијата со Византија била мошне интензивна.
Подоцна писмениот грчки станал прв странски јазик што го учеле сите идни свештенослужители. Со појавата на класичносто образование во Русија (кој крајот на 18 век), грчкиот станал задолжителен и за филолозите, за лингвистите и за историчарите. Од друга страна, на пример, во Царскоселскиот лицеј, каде што одел Александар Пушкин, немало настава по грчки. Сѐ на сѐ, грчкиот јазик кај жителите на Русија никогаш не бил широко распространет.
Новогородските старешини и трговци знаеле германски, шведски и полски зашто постојано биле во контакт со нативните говорители на овие јазици. Познато е дека шведските и германските трговци ги испраќале своите синови во Новгород за таму да ги изучат сите „тајни“ на трговијата, за по ваквото школување самостојно да ги водат работите. Се претпоставува дека и младите руски трговци и чиновници престојувале извесно време во странство на школување.
Германска Слобода (колонија)
Алекандар БенуаГермански зборувале занаетчиите што доаѓале во Новгород од кнежевствата на централна Германија. Тоа биле производители на оружје, врвни мајстори, цивилни и воени инженери и обични војници. Сите тие во 15-16 век прифатиле служба кај руските кнезови и цареви. Старата и Новата германска колонија во Москва (Германска Слобода), каде што младиот цар Петар подоцна ќе биде чест гостин, функционирала како посебно германско гратче на реката Јауза, каде што во уличниот џагор можел да се слушне разговор на германски јазик (за волја на вистината, малку и на англиски и на холандски).
Во 18 век германскиот сѐ уште бил распространет во научните кругови зашто во овие заедници постојано пристигнувале нови кадри од Германија, кои барале работа во Русија. Но, нивните деца и внуци потоа преминувале на руски јазик. Новиот бран на интерес за германскиот јазик во Русија дошол во 19 век и тоа во круговите на интелигенцијата којашто сакала да ги чита Кант, Фихте, Маркс и Хегел во оригинал. Германски зборувале и многумина руски револуционери кои имале врска со социјалистите во Германија и во Швајцарија.
Франција за време на Луј XIV (1638-1715) станала главен воен и политички арбитер на цела Европа, а Раштатскиот мировен договор склопен во 1714 година е првиот меѓународен документ напишан на француски јазик. Од почетокот на 18 век знаењето француски веќе било задолжително во дипломатските кругови.
Кројачи
Public domainСекако, Французите како носители на голема култура биле ангажирани за воспитување на децата на благородниците ширум Европа, па и во Русија. А, по Француската револуција во Русија нашле прибежиште илјадници француски монархисти коишто потоа стапувале во редовите на руската армија и на цивилниот чиновнички сталеж. Покрај тоа, кон крајот на 18 век во Русија започнала бурно да се развива женската и машката мода и се појавиле огромен број француски фризери, стилисти, кројачи и готвачи.
Францускиот станал и јазик на високото друштво. Угледното руско благородништво во целост преминало на француски, а познавањето на францускиот во овие кругови служело како универзална „визит-картичка“. Дури и благородник што не бил богат, но совршено зборувал француски, благодарение на ова знаење, можел да биде примен во највисоките кругови.
Францускиот им помагал на благородниците содржината на својот разговор да ја скријат од слугите и од останатите претставници на понискиот сталеж. На француски се водела сета приватна преписка, на француски се пишувале мемоари, пораки со изјави на љубов и стихови во албумите. До прелом во франкофонијата доаѓа дури по Татковинската војна од 1812 година, но францускиот, сепак, до Револуцијата останал еден од најважните јазици на образованото општество.
Во Русија англиските трговци, производители на оружје и занаетчиите се појавуваат во 16 век. Тогаш, на пример, дипломатот и благородник Зером Хорси повеќе од две децении соработувал со московскиот двор и подолг период престојувал во Русија.
Баскаци (претставници на татарско-монголската власт)
Сергеј ИвановМеѓутоа, англискиот јазик не бил широко распространет. Кога кон крајот на 18 век металургот и производителот на оружје Чарлс Гаскојн на повик на Екатерина Втора дошол да раководи со карелските металуршки фабрики, тој разговарал на англиски само во потесниот круг, и до крајот на животот користел преведувач во секој разговор со Русите што работеле во тие фабрики. Сѐ се сменило кога Русија и Британската Империја станале сојузнички во војната против Наполеон.
Во 18 век англиски знаеле љубителите на британската литература во Русија, но веќе во Пушкиновото време познавањето на овој јазик сведочело за прекрасното образование. Самиот Пушкин научил англиски за да го чита Бајрон во оригинал. По војната се појавиле повеќе книги на англиски, а Англичанец како домашен учител бил, секако, повеќе ценет од Французин на истото место. Од првата половина на 19 век англискиот е воведен на универзитетите во Москва, во Петербург и во Казањ, а патувањата во Англија станале задолжителна програма на младите образовани благородници.
Во Москва своевремено постоела цела колонија усни преведувачи и се нарекувала Толмачевска („толмач“, односно толкувач, устен преведувач на староруски). Таа се наоѓала во Замоскворечје, зашто во тој дел од градот живееле мноштво „Татари“, односно разни трговци, занаетчии и други претставници на туранските народи. Татарската и Толмачевската колонија постоеле тука од 14 век, односно како што се воспоставувале односите со Златната Орда.
Баскаци (претставници на татарско-монголската власт)
Сергеј ИвановПрвите „татарски“ војници и тргогвци (под наводници зашто станувало збор за различни етноси коишто Русите секогаш ги нарекувале со заедничко име „Татари“), тргнувајќи на пат во Русија воделе со себе и свои толкувачи. Се населувале во Замоскворечје или во негова близина, зашто пред да дојдат до скелето преку реката Москва наидувале на логори со трговци од југот. Така настанала Толмачевската колонија, жива берза и школа за преведувачи од руски на „татарски“ и обратно.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче