Случајот на бурјатскиот будистички монах кој по 75 години под земја изгледаше како жив

Даши-Доржо Итигелов

Даши-Доржо Итигелов

Јавен домен
Даши-Доржо Итигелов почина пред 96 години, но остави во аманет неговото тело да биде ексхумирано. Кога беше ископано, со него почнаа да се случуваат чудни работи.

Монашките легенди за будистичкиот подвижник Итигелов опишуваат неверојатни настани (на пример, дека пред неговите нозе се растворила вода). Меѓутоа, со сигурност се знае дека е роден во 1852 година, дека дошол во манастирот на 15-годишна возраст, го спознал будистичкото учење, заслужил личен прием кај царот Николај II и станал поглавар на будистите во Источен Сибир.

Кога имал 75 години, Итигелов седнал во поза на лотос, влегол во медитација и повеќе не излегол од неа. „Посетете и погледнете го моето тело за 30 години, а за 75 години извадете го од земја“, рекол тој претходно.

Монахот бил посипан со сол и погребан во коцкест сандак. Тоа било во 1927 година.

Во согласност со аманетот, ковчегот со неговото тело беше изваден од земја во 2002 година и пренесен во Иволгински дацан. Кога го отворија, солта го покриваше до рамениците, а главата, според очевидците, изгледаше како да е жива.

Експертите признаа: неговото тело е во состојба како да умрел пред неколку часа. Покрај тоа, шест години по ексхумацијата, телото на Итигелов е потешко за 10 килограми. Повремено на него може да се забележи вишок на влага што наликува на пот.

Според науката, телото на бурјатскиот лама е мртво. Анализата на кожата покажува дека нивото на бром во неа е зголемено за 40 пати, а температурата на телото е под 20 степени, што е апсолутен показател за смрт.

Меѓутоа, монасите тврдат нешто друго (освен Далај-лама кој не го коментира овој случај). Илјадници аџии одат во Иволгинскиот дацан да му се поклонат на телото на Итигелов.

Последен пат беше направена стручна анализа на телото во 2005 година, по што монасите забранија секакви проверки, па дури и фотографирање.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња