45-годишната Марија Милославскаја починала пет дена по породувањето во 1669 година. Нејзината првородена ќерка Еводкија исто така починала. Ова било 13 породување на Марија. Во времето пред Петар Велики цариците се пораѓале многу често, речиси секоја година и многу од тие деца не преживувале. Секако, и здравјето на царицата страдало поради олку честите породувања.
Марија Милославскаја
Слободни извориИ московските царици и петербуршките императорки минувале низ слични проблеми поврзани со нивната природна положба за време на породувањето. Императорките исто така носеле многу деца на свет. Во 1832 година лекарите ѝ забраниле на царицата Александра Фјодоровна, сопругата на Николај Први, да има интимни односи со него. Имено, нивниот син Михаил, роден во 1832 година, било нејзино седмо дете, а нежното здравје на 34-годишната царица не би можело да поднесе уште една бременост.
За разлика од Европа, каде што кралското породување уште од Средниот век било јавен настан на кој присуствувала највисоката аристократија, во Русија под влијание на старите народни обичаи, сѐ се одвивало во значително поинтимна атмосфера. Меѓутоа, во текот на петербуршкиот период породувањето на цариците го посетувале не само мажите, но и свекорите. Петар Први во 1714 година присуствувал на породувањето на Шарлота Кристина Софија, сопругата на принцот Алексеј.
На раѓањето на Павел Петрович присуствувале сопругот на великата кнегиња Екатерина Алексеевна великиот кнез Пјотр Фјодорович и царицата Елизавета Петровна. За разлика од породувањето на московските царици, каде родилката била опкружена со грижа и внимание пред и по породувањето, во императорскиот период се случувале страшни работи. Великата кнегиња Екатерина Алексеевна, која што го родила Павел, буквално била оставена само во текот на неколку часа. „Штом го повија во пелени, царицата го внесе својот духовник кој што на детето му го даде името Павел, по што ѝ наредија на бабицата да го земе детето и да тргне по неа“, зашишала Екатерина во сеќавањата.
„Штом царицата замина“, продолжува Екатерина, „великиот кнез исто така отиде во своите одаи и никого немав видено точно три часа (породувањето се случило напладне – заб. ред.). Многу се потев, ја замолив госпоѓата Владиславова да ми ја промени облеката и да ми ја смени постелнината, но таа ми одговори дека не смее да го направи тоа. Неколку пати испраќав по бабицата, но таа не доаѓаше. Побарав да се напијам вода, но го добив истиот одговор“. Екатерина својот Павел го видела дури 40 дена подоцна (!) и тоа само неколку минути. Но, многу години подоцна Екатерина исто така ќе ги одземе новореодените Александар и Константин на својата снаа Марија Фјодоровна.
Великиот кнез Константин Николаевич во детството, крај на 1820-тите
Слободни извориНапротив, добар пример за нежен сопруг и грижлив татко бил Николај Павлович, кој присуствувал на сите пораѓања на својата сопруга, држејќи ја царицата Александра Фјодорвна за рака, иако бил многу загрижен. „Ме боли главата и ме боцка срцето, се чувствувам лошо“, има запишано Николај Павлович по успешното породување на Александра во 1822 година (Родена е Ољга Николаевна: „малечката пишти како жапче“, има запишано Николај). Лекарите му дале на Николај средство против повраќање и тој четири пати повратил. Но, присуствувал и на сите следни породувања на царицата, останувајќи покрај неа и по раѓањето на детето.
Николај Први и Александра Фјодоровна
Франц Кругер (1833), Руски музејИ подоцна царевите присуствувале на породувањата на своите сопруги и снаи. Владетелите Александар Втори и неговата сопруга Марија Александровна во 1868 година присуствувале на породувањето на Марија Фјодоровна, сопругата на престолонаследникот Александар. Царот и неговиот син ја држеле Марија од двете страни за рацете, додека се раѓал идниот цар Николај Втори. „Бог ни испрати син кому му го дадовме името Николај. Каква радост беше тоа, не може да се опише, ја прегрнав својата душичка сопруга, коjа веднаш се развесели и беше пресреќна. Плачев како дете“, има запишано во дневникот Александар Александрович.
Великиот кнез Николај Александрович со мајка си, 1870.
Сергеј Левицки, Слободни извориПритоа треба да се спомене дека самата Марија Фјодорвна не сакала свекор ѝ да присуствува на породувањето. Неговото присуство, пишува историчарот Игор Зимин, цитирајќи го дневникот на великата кнегиња „многу збунувало“. Подоцна се трудела никому да не кажува дека се ближи породувањето. На 22 ноември 1878 година, таа буквално пред самото породување, седела на ручек во присуство на императорот: „болките продолжуваат и стануваат сѐ почести“, ѝ напишала тој ден на мајка си. „Само да успеам да издржам додека тој е тука!“ Половина час по ручекот и заминувањето на Александар Втори, Марија го родила третиот син великиот кнез Михаил.
Александар Трети со семејството, 1878.
Сергеј Левицки, Слободни извориОсвен задолжителното присуство на сопругот и на актуелниот владетел, за време на породувањето Романови почитувале уште неколку стари ритуали.
Од времето на Московското царство се врежал обичајот сопругот по породувањето богато да ја дарува родилката. Истата 1822 година измачениот Николај Павлович на својата сопруга ѝ подарил дијадема од тиркиз со бисери во облик на круша. Но, на тоа не запрел, но во градината на Аничкиниот дворец посадил „даб за Ољга“, пишува Зимин.
Портрет на Алексеј Бобрински во детството
Фјодор Рокотов, Руски музејУште еден обичај има опишано великиот кнез Александар „Сандро“ Михајлович: „Секој пат при раѓање на дете сметам дека треба да се почитува стариот руски обичај. Тој се состои во тоа што кога детето првпат ќе заплаче таткото да запали две свеќи кои тој и неговата сопруга ги држеле за време на обредот на венчавањето, а потоа да го замота новороденчето во кошулата што ја носел претходната ноќ“.
Исто така, наведува Зимин, имало обичај работите за детето да се подготват значително пред раѓањето. Меѓутоа, постелнината, облеката и капчињата за бебето се чувале во запечатени сандаци, задолжително далеку од резиденцијата каде што требало да се роди идниот принц или принцеза. Така детето се штитело од уроци.
Идното породување на царицата се најавувало во официјалниот весник „Правитељстени вестник“ (Владин гласник), а за време на бременоста ја следели дворски акушери. Кога би се приближил големиот настан, лекарите и бабиците ќе се преселеле поблизу до царицата, во резиденцијата во која е планирано раѓањето.
Породувањето го извршувале професионални акушери и бабици, најчесто од странство, што било обичај од времето на Петар Велики. Од 1798 година на петербуршката медицинско-хируршка академија се појавила „катедра за вештини на породувањето“. Во состав на дворскиот медицински оддел од 1843 година имало 4 бабици и лекар акушер.
Практично сите бабици кои служеле во царското семејство во 19 век биле Германки. Најпозната меѓу нив била веројатно мадам Хесе, која помагала при раѓањето на сите деца на Николај Први. Акушерите и бабиците не добивале само плата, но и подароци и исплата за секое успешно породување. Тоа биле огромни исплати, од повеќе илјади рубли во време кога министер добивал околу 5.000 рубли годишно.
Александра Фјодоровна со децата, великиот кнез Александар Николаевич и великата кнегиња Марија Николаевна
Џон Доу, Руски музејСите царици и велики кнегињи се породувале „дома“ – во една од царските резиденции. Речиси сите членови на царското семејство по Петар Први се родени во Петербург и неговата околина, само родителите на Александар Втори за породувањето заминале во Москва, на молба на царот Александар Први. Николај и Александра му ја исполниле желбата и императорот-ослободител е роден во Чудовиот манастир во Кремљ.
За породување не се користеле специјални столови и седишта, сите царици се породувале во кревет. Меѓутоа, од средината на 19 век царските родилки добивале средство против болки. „За да се олеснат породилните маки, дворскиот лекар давал мала доза хлороформ“, има запишано за породувањето на својата сопруга Ксенија Александровна великиот кнез Александар Михајлович. „Тоа ја тераше да се смее и да зборува разни забавни работи, така што децата се раѓаа во радосна атмосфера“, има запишано Сандро.
Во 19 век никој повеќе не ни помислувал велика кнегиња, а камоли царица, да се остави сама по породувањето. Лекарите и бабиците живееле со родилката и по раѓањето на децата сѐ дури тие во целост не закрепнат.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче