Зошто Советите испратија војска во Авганистан уште далечната 1929 година?

Група припадници на Обединетата државна политичка управа со заробениот Ибрахим Бег (десно), водач на вооружениот антиболшевички отпор на Басмачите.

Група припадници на Обединетата државна политичка управа со заробениот Ибрахим Бег (десно), водач на вооружениот антиболшевички отпор на Басмачите.

Јавен домен
Многумина мислат дека Советите првпат испратија војска во Авганистан во 1979 година. години, но тоа се случи половина век порано. Во кампањата од 1929 година црвеноармејците носеа авганистански воени униформи, но тргнаа во напад, заборавајќи дека се во улога на Авганистанци и викајќи „ура!“.

Политичката ситуација во Авганистан отсекогаш привлекуваше особено внимание кај советското раководство бидејќи директно влијаеше на безбедноста во соседниот Средноазиски регион на Советскиот Сојуз. Затоа СССР не можеше да остане настрана кога во 1929 година револуционерите го соборија авганистанскиот крал Аманула Кан и со тоа предизвикувајќи граѓанска војна.

Советскиот Сојуз не ги поддржа револуционерните маси на селаните предводени од „синот на водарот“ Хабибула Калакани. За време на Аманула Кан, Авганистан беше во добри односи со Советскиот Сојуз. Двете земји ја продлабочуваа економската и воената соработка, а авганистанскиот владетел ефикасно ги спречуваше припадниците на Басмачите - средноазиски антисоветски востаници кои за време на руската граѓанска војна пребегнаа од СССР во Авганистан и непрекинато вршеа вооружени упади на советска територија.

Претседателот на Централниот извршен комитет на СССР Михаил Калинин (лево) и авганистанскиот емир Аманула Кан (десно) пред почесната гарда во текот на посетата на емирот на Советскиот Сојуз.

Народниот комесаријат за надворешни работи (Од 1946 година Министерство за надворешни работи на СССР) беше свесен дека Хабибула Калакани како Таџик по националност ужива силна поддршка на милиони Таџици во северниот дел на Авганистан, т.е. во близина на јужните граници на СССР. Според мислењето на Комесаријатот, ако Хабибула победеше и ја зацврстеше својата власт, тој неизбежно ќе се обидеше да го прошири влијанието врз советските централноазиски републики и да ја дестабилизира советско-авганистанската граница. Советските дипломати беа во право. Хабибула склучи сојуз со водачот на Басмачите Ибрахим Бег, по што припадниците на ова движење ги засилија своите напади врз СССР. 

Водачот на Басмачите Ибрахим Бег, заробен и стрелан 1931 година.

Друг фактор против Хабибула беше тоа што тој беше интензивно поддржуван од Британците. Така, советското раководство одлучи да му помогне на Аманула кан и да му испрати војска со цел да повторно да воспостави стабилност во овој регион.

Советскиот Сојуз не сакаше отворено да му го демонстрира на светот своето воено учество во граѓанската војна во Авганистан. Во авганистанската кампања учествуваа над 2000 црвеноармејци, но тие беа облечени како Авганистанци. Ги предводенеше поранешното советско воено аташе во Авганистан Виталиј Примаков, кој се претставуваше како „кавкаски Турчин“, офицерот Рагиб бег.

 

В. М. Примаков

Оваа воена единица, добро опремена и вооружена со митралези и артилерија, влезе во Авганистан на 15 април 1929 година и со поддршка од воздух ги разби пограничните трупи и тргна понатаму во провинцијата Балх, кон големиот град Мазари Шариф. Во исто време, соборениот владетел Аманула Кан го напушти Кандахар, каде што се криеше по бегството од Кабул, и со 14000 војници се упати кон главниот град на Авганистан, кој беше под окупација на Хабибула.

Во јуришот на градот советските војници заборавија дека се тука во улога на Авганистанци и тргнаа во напад со рускиот извик „Ура!“.

Кога Мазари Шариф беше заземен, Авганистанците прогласија џихад против напаѓачите и ги блокираа советските војници во градот. На помош на единицата на Примаков Советскиот Сојуз испрати друга единица од 400 војници предводени од „Залим Кан“ (тоа беше командирот на советската коњаница Иван Петров).

Обединетите советски сили успешно ја елиминираа опсадата и единиците на Националната гарда на Хабибула и Басмачите, а потоа низ градот Балх побрзаа во правец на Кабул.

Меѓутоа, на 22 мај се дозна дека војската на Аманула претрпела катастрофален пораз кај Кабул и дека тој самиот ја напуштил земјата. Веќе немаше причина советските војници да останат во Авганистан, па единицата беше итно повлечена од оваа земја.

По краткото владеење од 9 месеци, таџикистанскиот востаник Хабибула Кан и неговите авганистански поддржувачи бегаат од силите на Надир Кан, кој го презеде Кабул од Аманулах и владееше со Авганистан од јануари до октомври 1929 година.

За време на авганистанската воена операција советските војници ликвидираа 8000 непријателски војници и загубија 120 свои луѓе. Во советските воени документи оваа операција се споменува како борба против бандитите во Советска Централна Азија. Споменувањето на овој поход беше забрането во историската советска литература.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња