Овој руски брод тонеше дури четири пати!

„Адмирал Серпинек“ кај Городишче, 1930.

„Адмирал Серпинек“ кај Городишче, 1930.

Public domain
Таква неверојатна судбина имаше рускиот патнички пароброд „Татјана“. Во 1919 година болшевиците го претворија во речен носач на хидроавиони.

За време на советско-полската војна, бродот беше запленет од полската војска и користен како воен транспортен брод, но на 25 јули 1920 година, за време на повлекувањето, беше принудена да го потопи.

Русите потоа го кренаа од дното, го поправија и го користеа, но и тие набргу мораа да го испратат на дното за време на повлекувањето. Поранешниот параброд повторно беше изнесен на површина во 1921 година. По ремонтот, беше вклучен во составот на полската Воена морнарица и служеше како штабен брод под името „Адмирал Серпинек“. Името го доби во чест на полскиот гусар од XVI век Матеуш Шарпинг (Серпинек).

За време на влегувањето на Црвената армија на територијата на источна Полска на 17 септември 1939 година, несреќниот брод повторно беше потопен од посадата. Меѓутоа, не му било пишано да почива на морското дно. Русите повторно го извадија на површина, го нарекоа „Припјат“ и го вклучија во составот на Пинската воена флотила (по базата Пинск во Белорусија).

А во септември 1941 година, за време на повлекувањето од Киев, Црвената армија го разнесе „Припјат“ и повторно го потопи. По три години, несреќниот брод беше подигнат, но повеќе не можеше да се поправи и беше испратен во отпад.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња