Во периодот од 1809 до 1814 година Џон Адамс работи како ополномоштен пратеник на САД во Санкт Петербург. Таму на 12 август 1811 година на американскиот дипломат и неговата сопруга Луиза им се раѓа единствената ќерка. За жал, тринаесет месеци подоцна, на 15 септември 1812 година, детето починува од дизентерија.
„Ја изгубивме нашата драга и единствена ќерка...прекрасно дете кое ветуваше многу...Општо земено, таа беше поздрава од кое било друго наше дете на нејзина возраст. Веќе имаше шест заби. <...> Болеста започна со жестока дизентерија проследена со треска, а заврши со грчеви. Почина во еден и пол во вторникот наутро, на 15 септември“, ѝ пишува Адамс на својата мајка.
Девојчето е погребано на Лутеранските гробишта Смоленск. Со текот на времето на гробот му се губи секоја трага. По него се трагаше од деведесеттите до 2009 година. Надгробната плоча е обновена со средства од здружението Ќерките на американската револуција (Daughters of the American Revolution - DAR). На 200-годишнината од нејзината смрт, на 15 септември 2012 година, се одржа свечен помен.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче