Во 1896 година наставниците го испраќаат дванаесетгодишниот Текле Маријам (1884-1977) на школување во Русија. Во тоа време Етиопија се бори за независност од Италија и на земјата и се потребни школувани млади лидери.
Во Русија, негов ментор и човекот кој го прифаќа како син е полковник на хусарскиот полк Сергеј Молчанов. Мајката на Молчанов е принцезата Елена Кочубеј, ќерка на кнезот-декабрист Сергеј Григорјевич Волконски. Токму таа во значителна мера го воспитува младиот Текле Хаваријат, која до крајот на животот ја нарекува „баба Нели“.
Во семејството на Елена Сергеевна „Петја Абисинецот“ се стекнува со вистинско руско аристократско образование. Покрај природните науки и изучувањето на рускиот јазик, се занимава и со лов, јавање, а учи и земјоделство, ковачки и столарски занает. „Петја“ учи во 1-от кадетски корпус во Санкт Петербург, а потоа и во елитното Михајловско артилериско училиште.
„Беше низок, со виткана коса, со чоколадна боја на кожата, со правилни црти на лицето и полни усни“, пишува за него во своите мемоари полковникот Ернст Шљахтин, еден од неговите учители. „Беше скромен, срамежлив, добродушен, малку бавен во размислувањето. Сите го сакавме многу. Го доведе некоја мисија која одеше во Абисинија, тој припаѓал на аристократските кругови, блиски до самиот Цар на царевите. За него многу се грижеше богатото аристократско семејство Кочубеј, кај кои одеше за време на празниците од училиштето и кадетскиот корпус“.
Полковникот Сергеј Молчанов, кој никогаш не се жени и нема деца, умира во 1905 година, оставајќи му на својот посвоен син голем имот. А Текле Маријам по патувањето низ Европа во 1908 година се враќа во својата татковина, каде што станува значаен функционер, соработник на следниот цар Хајле Селасие.
Го пишува првиот устав на независна Етиопија во 1930 година, ја претставува својата земја во Лигата на народите. Животот го завршува на својата фарма каде ги применува знаењата и вештините стекнати одамна на имотот на неговата баба во Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче