Нуклеарна подморница на обука.
Михаил Кухтарев/SputnikЗа време на Студената војна советски и американски подморници редовно се судираа – како во меѓусебно следење во длабочините на Светскиот океан, така и во дрските набљудувачки посети на крајбрежните води на потенцијалниот непријател. За среќа, во овие инциденти немаше жртви.
Легендарната подморница К-19 испратена на утилизација
Лав Федосев/TASSАмериканската нуклеарна подморница Gato (SSN-615) на 15 ноември 1969 година вплови во Баренцовото море, во територијалните води на СССР и на длабочина од 60 метри ја тестираше најновата опрема за радиопресретнување. Во тој момент неочекувано ѝ се „внесе“ во корпусот советската ракетоносна подморница на нуклеарен погон К-19.
USS Gato (SSN-615)
Public domainСудирот беше неочекуван за двете пловила, иако командирот на торпедскиот оддел од подморницата Gato помислил дека Русите намерно извеле судир и се подготвил за оган. Командирот на подморницата во последен момент ја отповикал наредбата за напад.
И двете подморници беа сериозно оштетени, но успеаја да се вратат во своите бази. Како што подоцна утврдија советските стручњаци, доколку брзината на К-19 била само за два-три јазли поголема, ќе го преполовела западниот ривал.
Играта на „мачка и глувче“ во океанските длабочини беше вообичаена во текот на Студената војна. Кога некоја советска подморница вооружена со балистички ракети ќе заминеше во долг поход за опашот ќе ѝ се „закачеа“ американски подморници-ловци.
Со цел да останат незабележани, Американците се движеа веднаш зад советските подморници. Поради бучавата на пропелерот на советскиот сонар во тој простор, таканаречена „мртва зона“ не можеше да ја открие непријателската подморцница.
Од време на време советските морнари вршеа проверка на „мртвата зона“. Изведуваа маневри на промена на курсот со остро вртење на подморницата налево и надесно за 120-150 степени. Американците на овој маневар му го дадоа името „Лудиот Иван“.
Нуклеарна подморница во поход на отворено море.
Суходољски/SputnikПо еден таков маневар во Северниот леден океан на 20 јуни 1970 година дојде до судир на советската подморница К-108 од проектот 675 и американската Tautog (SSN-639) која ја следеше на мало растојание и удари во неа.
Tautog (SSN-639)
Public domainСоветската подморница започна брзо да тоне, но членовите на екипажот успеаја да воспостават контрола над пловилото. Тегначот потоа ја достави на базата со заглавен десен пропелер. Tautog доби оштетување на кормилицата, но исто така без жртви се врати на базата.
Ракетната подморница на нуклеарен погон К-211 „Петропавловск-Камчатски“ на 23 мај 1981 година се врати во базата од борбениот полигон во Баренцовото море. Сакајќи да провери дали во „мртвата зона“ има неканети гости, изведе маневар и набргу се здоби со три силни лизгачки удари одоздола во крмата од подморницата што исплови од под неа.
К-211
Svch433 (CC BY-SA 4.0)К-211 се здоби со незначителни оштетувања, изнурка на површината и самата стаса до базата. За време на прегледот на надворешните површини, во пропелерот на нуклеарната подморница беа пронајдени фрагменти од метал од непозната подморница.
Најверојатно советската подморница ја следела американската нуклеарна подморница Sturgeon SSN-637. Според друга верзија, тоа била британската HMS Swiftsure (SS-104). Во секој случај, и „ловецот“ имал среќа во овој инцидент.
Студената војна беше завршена, како и глобалната конфронтација на двете суперсили, но подводната игра на „мачка и глушец“ продолжи. Американски подморници се прикрадуваа зад (сега веќе) руските нуклеарни подморници и кришум ги посетуваа руските крајбрежни води.
Во заднина е чамецот број 668 оштетен во судир со американска подморница во Баренцовото море на 11 февруари 1992 година.
В. Кисељов/SputnikВо близина на базата на Северната флота, кај Североморск, на 11 февруари 1992 година дојде до судир на подморниците Baton Rouge (SSN-689) и К-276 „Кострома“. Додека излегуваше на површина за комуникација, руската подморница со кормилицата удри во носот на американската која се наоѓаше над неа. Со оглед на тоа што кормилицата беше наменета за пробивање на арктичкиот мраз, Baton Rouge претрпе сериозна штета.
„Командантот на подморницата Baton Rouge, Гордон Кремер, како што велат, ’се внесе во играта’, вели командантот на „Кострома“, капетан I ранг Игор Локот. „Очигледно мислеше дека ја има контролата над ситуацијата. Додека јас активно работев, мерејќи ја оддалеченоста (до најблиските и најопасните цели), Гордон Крамер ме ’држеше на око’. Штом започнав да изнуркувам, ме изгуби од радарот, зашто и двете подморници беа тивки. Тогаш побрза до точката во која нѐ изгуби, со цел да види каде исчезнала нашата подморница. И се здоби со удар“.
Иако оштетен, Baton Rouge не се дрзна да исплива во туѓите територијални води и час поскоро се повлече во насока на Норвешка.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче