Овие добро вооружени „тврдини на тркала“ обезбедуваа огнена поддршка за трупите, придружуваа важни воени ешалони, ги бранеа клучните железнички станици и крстосници и се бореа против партизаните и непријателски десант.
Меѓусебната борба меѓу оклопни возови беше реткост. Такви случаи може да се избројат на прстите од едната рака. Еден таков настан се случи на 4 јуни 1944 година, во близина на градот Ковел во Западна Украина.
Германски оклопен воз редовно ги гранатираше позициите на Црвената армија, а советскиот по име „Иља Муромец“ беше испратен да го уништи. Сочека непријателот да излезе на вообичаената позиција и го нападна.
Оклопните возови влегоа во битка наоѓајќи се на различни колосеци, а меѓу нив имаше шума. Дуелот не траеше долго. „Муромец“ беше помоќен, со дебелина на оклопот од 45 мм, па со неколку плотуни целосно го уништи својот „колега“.
Неколку недели подоцна линијата на фронтот се помести на запад, а советските војници можеа одблизу да ја видат поразената грдосија, за која погрешно мислеа дека се вика „Адолф Хитлер“, иако оклопните возови на Третиот Рајх всушност немаа никакви имиња.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче