Снајперистот кој загина, а потоа стигна до Берлин, па дури и остаре по војната

Херој на Советскиот Сојуз Голосов Василиј Иванович

Херој на Советскиот Сојуз Голосов Василиј Иванович

Archive photo
„Стигнавме!“ (руски: „Дошли!“) - така гласи еден од најпознатите плакати од Втората светска војна. На него беше прикажан легендарниот снајперист Василиј Голосов, кој не стигна до Берлин.
Херој на Советскиот Сојуз Голосов Василиј Иванович

Голосов е роден 1911 година во Бељов кај Тула. Бил работник и економ, а на фронтот станал снајперист. Во август 1942 година, при заземање на истурени позиции на реката Дон, војникот Голосов го привлече вниманието на командата со прецизниот оган. Од тој момент почна да „работи“ како снајперист, па дури и да обучува други идни снајперисти.

Еден од најдобрите снајперисти на Црвената армија, командант на снајперска компанија, гардискиот поручник В. И. Голосов, тактичка обука на терен со ученикот А. Тертерјан.

Во борбите Голосов бил ранет во главата, но набрзо се вратил во строј. Лично ликвидирал 422 хитлеровци. Покрај тоа, лично обучил над 170 професионални снајперисти. Животот го загубил на 16 август 1943 година за време на борбите во Харковската област, кога бил погоден од шрапнел од артилериски проектил. На 26 октомври 1943 година постхумно му е доделено звањето Херој на Советскиот Сојуз.

Живот на плакат

Советскиот графичар Леонид Голованов бил повикан во војска како зрел човек, кога имал 38 години, и му бил даден чин поручник. На првата линија на фронтот работел како воен сликар. Најчестиот жанр во првите години од војната бил агитациониот плакат.

Мајсторот на цртежот со молив брзо ги сликал во албумот ликовите на советските војници за да ги искористи подоцна во своите работи. Меѓу скиците имало и портрети на снајперистот Голосов, кој за време на неговиот живот бил многу познат во советските единици и Голованов имал можност да се сретне со нив.

Снајперистот првпат се појавил на плакатот во 1944 година. Прикажан е како со срамежлива насмевка облекува чизма, а на рамото му е префрлен шинел свиткан во ролна. Се гледа дека во тек е исцрпувачки марш во зимските месеци. Во позадина, колони советска техника се движат на Запад. Плакатот се вика „Ќе стигнеме до Берлин!

В. Голосов со своите ученици. Од лево кон десно: А. Останин, В. Вопилин, А. Петренко, В. Голосов, М. Бирјуков, Ф. Спљухин, А. Хламов

Меѓутоа, многу поголема популарност стекна композитната слика на снајперистот Голосов на „победничкиот“ плакат од 1945 година: „Слава ѝ на Црвената армија!“, познат и како „Стигнавме!“ или „Веселиот војник“.

Интересно е што Голованов во 1962 година насликал уште еден плакат со паролата „И во работата победуваме!“, каде што исто така е препознатлив познатиот лик на снајперистот, само што е прикажан како да е дваесет години постар.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња