Чизмите со патент беа дизајнирани од Вера Аралова, главниот креатор на Сесојузниот дом на модели на облека и слободоумна жена, која се омажи за црнокожиот американски дизајнер Лојд Патерсон.
Во 1959 година Советскиот Сојуз се подготвуваше за важен настан. Имено, Париз неочекувано одлучи да одржи „Руска недела на модата“. Аралова беше возбудена. Што да се прикаже? Нема белки колекција на работничка облека за градителите на комунистичкото општество?
Реши да стави акцент на крзното. Од него се правеа шубари и капути, а павлопосадските шалови требаше да го дополноат дизајнот. Но, што со чевлите? Оти не можат да прикажат валенки (традиционални руски чизми од валана волна).
Креаторката најде идеално решение. На манекенките им облече високи чизми, а за да стигнат навреме да се пресоблечат на ревијата, им стави патент на чизмите. Чизмите на потпетица и со патент беа сошиени во работилниците на театарот „Бољшој“.
Тоа беше сензација. По „Модната недела“ врз Аралова се сјатија француските фабриканти сакајќи да склучат договор со неа за производство на такви обувки. Но, во СССР овие понуди не беа сфатени сериозно и делегацијата едноставно се врати дома. Затоа европските продавници набрзо беа преплавени со чизми со патент. А нивната креаторка беше заборавена.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче