Англиската кралица Викторија, 1845, Александар Мелвил; Великиот кнез Александар Николаевич, 1833, Франц Кругер.
Friedenstein Castle/Bildindex der Kunst und Architektur/Public Domain; Приватна колекција/Christie’s/Public DomainМеѓу другото, тој намина и во Лондон, каде што беше претставен на 20-годишната Викторија, која веќе две години беше кралица на Велика Британија.
Аѓутантот на Александар, полковникот Семјон Јурјевич, ја опишува таа ситуација: „Следниот ден по балот престолонаследникот зборуваше само за кралицата... Тој е убеден дека и таа чувствувала задоволство во неговото друштво“. Само неколку дена подоцна тој во својот дневник ќе напише: „Принцот ми призна дека е вљубен во кралицата и е убеден дека таа целосно ги споделува неговите чувства...“
Англиската кралица Викторија, 1844-1845, Франц Ксавер Винтерхалтер.
Royal Collection/Public DomainНабргу нивната заемна симпатија стана очигледна. Опкружувањето на Викторија се погрижи за време на посетата на Александар таа да се пресели во замокот Виндзор, што е можно подалеку од рускиот велики кнез.
Понатамошен развој на нивните односи не беше можен. На Викторија ѝ требаше маж кој ќе стане крал-консорт, а Александар го чекаше рускиот престол, што значеше дека му требаше невеста подготвена да го прими православието и да се пресели во Петербург.
Пред заминувањето на Александар, младата англиска кралица сепак успеа да се види со него. Вака ја опишува таа средба во својот дневник:
„Беше блед и гласот му трепереше кога ми рече на француски: „Немам доволно зборови да го изразам сето она што го чувствувам“, и додаде колку длабоко е благодарен за толку љубезниот прием. <...> Потоа тој се допре до мојот образ и ме бакна многу топло и со многу срдечно чувство, а потоа повторно еден на друг многу топло си ги стегнавме рацете. Навистина чувствував дека се збогувам со близок роднина, а не со странец и бев многу тажна што се разделувам со тој драг, мил млад човек во кој бев навистина малку заљубена и за кого несомнено силно се врзав“.
Портрет на великиот кнез Александар Николаевич, 1840, Франц Кругер.
Ермитаж/Public DomainВо книгата „Тајни и авантури во историјата на Русија“ историчарот Евгениј Олховски ги наведува спомените на Семјон Јурјевич и вели дека според зборовите на аѓутантот, рускиот престолонаследник го напуштил Лондон во нерасположен.
„Кога останавме сами, принцот ми се фрли во прегратка и двајцата заплакавме. Тогаш ми рече дека никогаш нема да ја заборави Викторија. На збогувањето ја бакнал кралицата. И уште рече: „Тоа беше најсреќниот и најтажниот момент во мојот живот“.
Како спомен на познанството, Александар на Викторија ѝ подари албум со неговите портрети и овчарското куче Казбек, кое кралицата го обожаваше.
Следниот пат кога се сретнаа беше по 35 години, во мај 1874 година. Рускиот император пристигна во Лондон за да го испрати во татковината Алфред, војводата од Единбург, синот на британската кралица која се ожени со ќерката на Александар Марија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче