Жителите на Прага ги поздравуваат борците на Чехословачкиот корпус кои се бореа заедно со црвеноармејците во ослободувањето на земјата.
SputnikУтрото на 2 мај 1945 година, командантот на Берлин, генерал Хелмут Вајдлинг, им нареди на остатоците од градскиот гарнизон да го положат оружјето и да ѝ се предадат на Црвената армија. Тешката и крвава битка за главниот град на Третиот Рајх заврши со победа на Советскиот Сојуз. Меѓутоа, војната сè уште не беше завршена со заземањето на „дувлото на фашистичкиот ѕвер“.
Во градот Фленсбург (на границата со Данска), новата германска влада предводена од гросадмиралот Карл Дениц сè уште имаше голем воен контингент на територијата на Чехословачка и Австрија. Нацистите се надеваа дека ќе постигнат договор со западните сојузници на Русија и заеднички ќе формираат обединет фронт против руската војска, или ќе им се предадат ним пред да пристигне Црвената армија.
Онеспособен германски тенк на улица, Прага, мај 1945.
Getty ImagesГрупата армии „Центар“ беше распоредена во централниот и западниот дел на Чешка и броеше околу 900.000 војници предводени од фелдмаршалот Фердинанд Шернер. Ним им се спротивставија силите од три советски фронта - Првиот украински на чело со маршалот Иван Конев, Вториот украински под команда на маршалот Родион Малиновски и Четвртиот украински под команда на генералот Андреј Ерјоменко. Учествуваа и сојузничките полски, романски и чехословачки воени единици, со вкупно околу два милиони војници.
Прага беше голем сообраќаен јазол во регионот и затоа беше избрана како главна цел на големата операција на Црвената армија во Европа. Најблиску до главниот град на Чешка беше Конев, па тој од север се пробиваше до него преку Дрезден, а Малиновски и Ерјоменко наидуваа од југ и од исток. Трупите имаа задача да го опколат, распарчат и победат непријателскиот контингент, не дозволувајќи му да се повлече на запад и потоа да им се предаде на Американците.
Антонин Сохор, командир на митралеска чета на 1 пешадиски баталјон на 1 посебна чехословачка пешадиска бригада.
Николај Еронин/SputnikПочетокот на операцијата беше планиран за 7 мај. Меѓутоа, на 5 мај во Прага избувна востание, па Чешкиот национален комитет, кој го предводеше востанието, преку радио апелираше до советската страна со молба што поскоро да притекне на помош. Затоа офанзивата започна ден порано.
Артилериска батерија кај Прага.
Sputnik„Громогласниот плотунски оган на гардиските „катјуши“ ја разнесе на парампарче напрегнатата тишина на фронтот. На сложеното повеќегласие се одзваа артилериските системи од секаков калибар“, напиша подоцна командантот на Петтата гардиска армија, генерал Алексеј Жадов, опишувајќи ја вечерната атмосфера на тој 6 мај: „Огнениот виор не стивнува по завршувањето на артилериската подготовка не слабееше, туку стануваше сè помоќен и поразорен. Полека поместувајќи се во длабочината на непријателската одбрана, тој бришеше пред себе сè што ќе му се најдеше на патот: и непријателската жива сила и техника, огнените средства, засолништата, средствата за комуникација, командните и набљудувачките позиции. Потоа тенковите и пешадијата решително јуришаа на непријателот по должината на целиот фронт“.
Први во офанзива тргнаа трупите на Првиот украински фронт и во текот на првата ноќ навлегоа 10-12 километри во длабочината на непријателската одбрана. „Во обични услови тој успех ќе беше сосема доволен“, напиша во своите мемоари маршалот Конев: „Меѓутоа, со оглед на новонастанатата ситуација во Прага, секој час беше драгоцен, и затоа јас барав... посилно темпо на офанзивата. Пешадијата имаше задача во текот на наредните 24 часа да напредува 40-45 километри, а тенковските 50-60. Им беше наредено да јуришаат деноноќно, без оглед на заморот и какви било пречки“.
Непријателот се обидуваше да ѝ даде отпор на офанзивата на Црвената армија, вршеше контранапади, го минираше подрачјето, ги креваше во воздух мостовите и ги оставаше попреку на патот расипаните тенкови и камиони. Но, војниците од сите три фронта успеаја да го пробијат непријателскиот отпор секаде каде што ќе им беше даден, да ги совладаат Рудни Планини, да го заземат Дрезден и да стигнат на дофат на Прага.
Прашкиот непријателски контингент не го положи оружјето по потпишувањето на безусловната капитулација на Германија на 7 мај во Ремс. „Намерите на Шернер беа да се бори против нас сé додека има можност и во критичниот момент да ни избега и да капитулира пред оние против кои не се бореше“, истакна Конев.
Засилениот марш на 63 Челјабинска тенковска бригада до Прага.
Државен историски музеј на Јужен Урал/russiainphoto.ruФелдмаршалот навистина успеа да се пробие до Американците (а тие на крајот на мај го испорачаа на СССР), но поголемиот дел од неговата војска не успеа. Во 4 часот наутро на 9 мај, по засилен марш долг 80 километри, прв во Прага влезе 10-тиот гардиски тенковски корпус на 4-та гардиска тенковска армија на Првиот украински фронт. Набрзо пристигнаа и силите од другите фронтови. Со заземањето на градот на Германците им беше отсечена отстапницата.
„Чесите ни приредија прекрасно добредојде“, напиша тенкистот Василиј Москаленко подоцна: „Момчињата дотрчуваа до тенковите како нарачани, со кофи ладна вода. По маршот таа ни беше како мед. Му приоѓаа на секој тенк носејќи нешто за подарок. Во тоа време цветаше јоргованот и децата на секој тенкист му носеа полни раце цвеќе. Се собра народот, големо и мало, од радост нè фаќаа за раце, нè бакнуваа и гушкаа“.
На 8 мај (9 мај по московско време) во предградието на Берлин, Карлсхорст повторно беше потпишан актот за капитулација на Германија, со што заврши војната во Европа. А сепак, борбените дејствија продолжија. Црвената армија ги гонеше раштрканите групи непријателски војници кои се обидуваа да се пробијат до западните сојузници.
Војници на гардиската тенковска чета на потпоручник Сотников на заробени германски „Пантери“ кај Прага.
SputnikЕдиниците на Првиот и Вториот украински фронт на 10 и 11 мај се сретнаа со американските единици на подрачјето на градовите Кемниц, П’лзен и Карлови Вари. Дури успеаја малку и да војуваат заедно против Германците. Кај селото Сливице, советските трупи, со артилериска поддршка на Третата армија на САД, ја поразија војската на СС групенфирерот Карл Фридрих фон Пиклер-Бургаус, која беше блокирана од чехословачките партизани.
За време на Прашката офанзива, Црвената армија го порази последниот голем германски воен контингент, заробувајќи над 850.000 војници, меѓу нив и 60 генерали. Непријателот загуби неколку десетици илјади, а Црвената армија 11.000 луѓе.
Ослободување на Чехословачка. Заробени војници на нацистичката армија поминуваат покрај онеспособена воена техника.
Фјодор Левшин/SputnikВо своите мемоари „Четириесет и петтата“, маршалот Иван Конев напиша: „Кога одам на Олшанските гробишта во Прага, каде што почива правот на нашите војници и офицери кои загинаа во Прашката операција, со тага го читам на спомениците украсени со цвеќе датумот „9. мај“. Војната во суштина веќе беше завршена, а тие луѓе загинаа овде, во прашките предградија, кога целата наша земја веќе ја славеше победата. Тие загинаа во последните престрелки со непријателот, неустрашиво довршувајќи ја започнатата работа“.
Почеток на мај 1945. Во текот на Прашката офанзива, советските трупи ја ослободија Чехословачка. Жителите со цвеќе ги пречекуваат советските војници.
Sputnik
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче