Еден од најважните политички настани таа 1993 година беше уставната криза. Позната е и како „Октомвриски удар“ или „пукањето во Белата куќа“. Кризата беше предизвикана од конфликтот меѓу тогашниот претседател Борис Елцин и Конгресот на Советите кој, според тогашниот руски Устав, беше најмоќното тело и мораше да ги ратификува повеќето одлуки на Елцин.
Дводневниот конфликт започна со јуриш на телевизиската кула Останкино, а заврши со гранатирање на руската Бела куќа, која беше резиденција на Конгресот на Советите.
Москва западна во хаос, со барикади, масовни немири и демонстрации.
Кризата беше толку насилна што патријархот на Руската православна црква дури предводеше масовна литургија во која се молеше за мирно решение.
Во овие немири загинаа околу 200 луѓе. И, како резултат на тоа, во декември беше прифатен нов устав.
Земјата копнееше за промени и не сакаше да се занимава со стариот режим и политика. Меѓутоа, сè уште имаше многу луѓе кои беа лојални на советското минато и на Сталин, и покрај многуте нови информации за неговиот режим што почнаа да излегуваат на виделина.
Портретот на Ленин сè уште беше истакнат на многу места, додека многу институции сè уште го носеа неговото име.
Многумина (особено од постарата генерација) продолжија да ја слават годишнината од Октомвриската револуција 1917 година.
А советските симболи и понатаму се гледаа насекаде.
Меѓутоа, здивот на Западот и слободата беше премногу очигледен, што се рефлектираше во самиот изглед на Москва 1993 година.
Западните цртани ликови беа дури претставени и на новогодишните свечености на Црвениот плоштад.
А претседателот Борис Елцин присуствуваше на отворањето на вториот ресторан „Мекдоналдс“ во Москва (првиот беше отворен во 1990 година).
Ова е неговата сопруга Наина Елцина, која пробува кока-кола (или милкшејк?) на отворањето на третиот ресторан на „Мекдоналдс“ истата година.
На оваа фотографија се гледа како претседателот на Руската Република Калмикија Кирсан Илумжинов вечера дома.
Почна да се јавува либерализација на економијата и нов слободен пазар.
Исто така, првите вистински супермаркети почнаа да се отвораат во Русија.
Истовремено, економијата и системот не може да ги поднесат брзите промени и предизвикаа криза која на многумина им донесе дефицит и сиромашија.
По распадот на атеистичкиот СССР, Руската православна црква повторно почна да добива поддршка од државата. Многу цркви беа повторно отворени, а свештениците престанаа да бидат прогонувани.
По околу 70 години, верниците повторно добија можност отворено да ја исповедаат својата вера.
И луѓето повторно добија можност повторно отворено да се венчаат во црква.
По години работа како музеј, Казанскиот соборен храм во Санкт Петербург повторно продолжи со своите литургии.
На сликата подолу е игуманијата на еден манастир во длабока молитва и контемплација.
Црвениот плоштад, кој речиси 70 советски години беше место на паради и комунистички демонстрации, почна да биде домаќин на многу различни настани. На пример, концертот на Националниот симфониски оркестар на САД под диригентство на Мстислав Ростропович.
Политиката доби и „почовечки лик“. На сликата подолу е премиерот Виктор Черномирдин како свири на хармоника додека одмора со своето семејство.
Девојките станаа помалку срамежливи, а натпреварите во убавина со самото тоа уште поинтересни за гледање.
По годините здодевни, еднолични униформи, жените конечно добија шанса да пробаат нова мода. Подолу е жена која ја бира најдобрата бунда во продавница за крзно.
Елегантна жена од 1990-тите муабети во јавна говорница.
На улиците се појавија повеќе автомобили.
И речните бродови станаа сé почести во Москва.
Млади велосипедисти се кријат од ненадејниот летен дожд.
Скара на отворено во парк.
И, конечно, децата можеа повеќе да уживаат во детството, на пример, поминувајќи го денот во забавен парк!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче