Зошто градовите во Русија толку често ги менуваа имињата?

Legion Media
Со избувнувањето на Првата светска војна, германизмите во имињата на руските градови станаа, како што би рекле денес, токсични.

Така, во август 1914 година Санкт Петербург стана Петроград, додека, на пример, Екатериненштад во Поволожје во 1915 година беше преименуван во Екатериноград.

Топонимите во голема мера се менуваа во периодот од 1920 до 1930 година, односно по револуцијата и граѓанската војна. Сите имиња поврзани со царскиот режим беа сменети, а новите имиња на градовите градовите им се даваа во чест на втемелувачите на марксизмот и советските функционери.

Еве такви примери:

Екатериноград → Марксштад (1920) → Маркс (1942)
Екатеринодар → Краснодар (1920)
Јамбург → Кингисеп (1922, во чест на естонскиот револуционер)
Екатеринбург → Свердловск (1924)
Симбирск → Уљановск (1924)
Петроград → Ленинград (1924)
Царицин → Сталинград (1925)
Твер → Калинин (1931)
Владикавказ → Орџоникиѕе (1931, од 1944 до 1954 година преименуван во Ѕауџикау)
Новокузнецк → Сталинск (1932)
Нижни Новгород → Горки (1932)
Вјатка → Киров (1943)

Источна Прусија беше припоена на СССР во 1945 година врз основа на исходот од Втората светска војна.

Кенигсберг

Кенигсберг → Калининград (1946)
Пилау → Балтијск
Тилзит → Совјетск

На градовите од Карелискиот превлак им беа сменети имињата во 1948 година и на тој начин потврдени резултатите од мировните преговори со Финска.

Антреа → Каменогорск
Кексголм → Приозерск
Којвисто → Приморск

Култот на личноста на Сталин официјално беше укинат 1956 година.

Сталинград → Волгоград (1961)
Сталинск → Новокузнецк (повторно!)

Трендот се однесуваше и на топонимите поврзани со имињата на соработниците на вождот.

Молотов → Перм (ова име беше вратено во 1957 година)
Ворошилов → Усуријск
Чкалов → Оренбург

Градот Гжатск, во чија околина е роден првиот човек на светот кој патуваше во вселената го смени името во Гагарин во 1968 година. Тоа беше непосредно по загинувањето на Јуриј Алексеевич.

За време на перестројката (1985-1991) на многу градови им беа вратени нивните историски имиња.

Ленинград → Санкт Петербург
Свердловск → Екатеринбург
Кујбишев → Самара
Горки → Нижни Новгород
Калинин → Твер

Инаку, Ленинградската и Свердловската област не ги менуваа имињата. А на Орџоникиѕе во 1990-тите му беа вратени двете стари имиња, Владикавказ на руски и Ѕауџикау на осетински.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња