Семејството Романови пристигна во куќата на инженерот Ипатиев во Екатеринбург со три кучиња, и сите беа црни. Ортипо, францускиот булдог, ѝ припаѓаше на великата кнегиња Татјана, кавалерскиот шпаниел на кралот Чарлс Џеми на великата кнегиња Анастасија, а кокер шпаниелот по име Џој на принцот Алексеј.
Принцот, наследникот на престолот, си игра со куче
„Го испразнив мојот „наган“ врз осудените. Резултатите од пукањето не ги знам, бидејќи морав веднаш да отидам на таванот, до митралезот. Кога влетав таму, видов дека на Рударскиот факултет што беше спроти улицата свети светлото. Истрелите и силното завивање на царските кучиња не можеа да не се слушнат“. Кога Кабанов повторно слегол, сите веќе биле мртви, но „Џек, бидејќи не завиваше, не го гибаа“, чекистот Алексеј Кабанов, кој учествуваше во убиството на царското семејство. - Транскрипт од разговорот со А.Г. Кабанов за стрелањето на царското семејство, Хабаровск, 1965 година.
Не се знае кој и кога му го подарил Џој на принцот. Името, што на англиски значи радост, му го дала царицата Александра Фјодоровна, омилената внука на англиската кралица Викторија, која исто така ги сакаше кучиња.
Сите три кучиња ги следеа своите стопани од Царско Село до Тоболск, а потоа и до Екатеринбург. Џеми беше убиен со царското семејство во подрумот. Ортип, кој остана во куќата, беше убиен поради гласното завивање. А Џој го преживеа стрелањето.
„Вратата што водеше од претсобјето до собите во кои живееше царското семејство беа сè уште затворени, но во собите немаше никој. Тоа беше совршено јасно, бидејќи не допираше никаков звук. Порано, додека царското семејство престојуваше таму, во нивните соби секогаш беше живо, се слушаа гласови и чекори. Меѓутоа, таму веќе немаше знаци на живот. Единствено во претсобјето, до вратата што водеше до собите во кои живееше царското семејство, стоеше куче и чекаше да го пуштат внатре. Добро се сеќавам дека тогаш си помислив, џабе чекаш“. - Анатолиј Јакимов, чувар на домот на Ипатиеви, од материјалите на сослушувањето, Екатеринбург, 1919 година.
Кучето го зеде еден од стражарите, Михаил Летјомин. Џој послужи како главен доказ врз основа на кој истрагата на Белата армија која го зазеде Екатеринбург го откри пљачкашот. Од Летјомин без одземени уште 79 предмети.
Кога Чесите (Чехословачкиот корпус во Руската војска) го зазедоа Екатеринбург, пронајдоа сиромашно, мало, гладно животно како трча во дворот на куќата на Ипатиеви. Се чинело дека кучето постојано го бара својот сопственик, без кого беше толку тажно и депресивно, што речиси ништо не јадеше, дури и кога за него се грижеа со многу љубов.
Отидов да го видам Џој. А тој, очигледно, во својата кучешка наивност, мислејќи дека неговите господари сигурно ќе се појават со мене, забележително живна. Никогаш порано не сум видела толку возбудено куче.
Кога го викнав, тој молскавично скокна од вагонот и се фрли преку перонот кон мене, потсконувајќи и правејќи широки кругови околу мене, не прилепувајќи се со предните шепи, туку одејќи на задните нозе, како циркуско куче. Генералот Дитерихс ми рече дека никогаш претходно не се поздравил со никого на тој начин, а јас тоа го објаснив со тоа што мојата облека, истата онаа што ја носев во Тоболск, има препознатлив мирис, иако не го галев особено.
Кога заминав, Џој останал цел ден да лежи до вратата од која излегов. Одбил да јаде и повторно се вратил во својата вообичаена состојба на очај.“ - баронеса Софија Карловна Буксгевден, дворска дама на царицата Александра Фјодоровна. „Животот и трагедијата на Александра Фјодоровна, императорката на Русија.Спомени на една дворска дама“.
Кокер шпаниелот на наследникот на рускиот трон го зеде генералот Михаил Дитрихс, првиот човек на „белата“ истрага за стрелањето на царското семејство. После тоа, Џој заврши кај полковникот Павел Роѕјанко, кој беше во придружба на британската воена мисија на генерал Нокс, инаку познат спортист и инструктор по јавање. По Октомврискиот преврат Роѕјанко служеше во британската војска и емигрираше во Велика Британија.
Наследникот на престолот со куче
Јавен доменКокер шпаниелот на наследникот на рускиот трон го зеде генералот Михаил Дитрихс, првиот човек на „белата“ истрага за стрелањето на царското семејство. После тоа, Џој заврши кај полковникот Павел Роѕјанко, кој беше во придружба на британската воена мисија на генерал Нокс, инаку познат спортист и инструктор по јавање. По Октомврискиот преврат Роѕјанко служеше во британската војска и емигрираше во Велика Британија.
Во Англија, Роѕјанко отвори школа за јавање за припадниците на аристократските кругови. Еден од неговите ученици беше идниот крал на Британија Едвард VIII. Подоцна, внукот на Павел Роѕјанко, епископот Василиј од Православната црква во Америка (Роѕјанко, 1915-1999), раскажа како кралот Џорџ V, кому Роѕјанко му раскажа за страдањата на неговиот братучед по тетка и неговото семејство станал сопственик на Џој. Џој наводно живеел кај англискиот крал и бил погребан на гробиштата на кралските кучиња во Виндзор. Но, тоа е само легенда.
Во својата автобиографија „Искинати знамиња“ објавена во Лондон во 1938 година, Роѕјанко пишува за неговата средба со Џорџ V. „Ги опишав студените, празни соби и крвавиот подрум на куќата на Ипатиеви,. мојата безуспешна потрага по гробиштата и мрачното патување низ сибирските шуми, сé со цел да најдам грст пепел. Му раскажував за Џој кој трча во мојата градина. Се чини апсолутно среќен, но гледајќи во тие светлокафени очи често се прашувам на што всушност се сеќава“.
Џој умре во Виндзор, но не на кралскиот двор, туку на малиот имот на полковникот Роѕјанко „Сефтон Лон“, чиј парк се наоѓа веднаш до кралскиот парк.
„Секогаш кога поминувам покрај мојата градина во Виндзор, размислувам за гробот на малото куче во џбуновите со ироничен натпис „Тука почива радоста“. За мене тој мал камен означува крај на една империја и начин на живот. полковник Павел Роѕјанко, Tattered Banners Лондон, 1938.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче