Пет најдрастични санкции воведени против СССР

Виктор Воног/TASS

1. Целосна забрана на сите економски односи со новоформираната советска држава беше воведена во 1918 година од страна на САД, Велика Британија и Франција откако болшевиците дојдоа на власт и одбија да ги платат долговите на Руската империја.

2. Ограничување на извозот на стратешки материјали, опрема и оружје во СССР, воведено во 1948 година од 23 капиталистички земји со цел да се создаде технолошко заостанување на социјалистичкиот блок во однос на капиталистичкиот со продажба на напредна механизација и технологија на социјалистичките земји дури четири години по нивното сериско производство на Запад.

3. Ембарго на испорака на цевки со голем пречник на СССР воведено 1962 година од страна на Северноатлантскиот совет за да ги спречи Советите да го изградат гасоводот „Дружба“ (Пријателство) за испорака на советска нафта на Европа.

4. Раскинување на договорот за испорака на 17 милиони тони жито од САД на Советскиот Сојуз по влегувањето на советските трупи во Авганистан 1979 година.

5. Забраната за летови на „Аерофлот“ во американскиот воздушен простор, која ја воведе Роналд Реган во 1982 година. Истовремено беа затворени и канцелариите на „Аерофлот“ во Вашингтон и Њујорк.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња