„Василиса“, дело на Иван Билибин, 1899 година.
Слободни извориВештерка (на руски „ведьма“) е онаа што ги поседува („ведает“ - знае) тајните знаења. Во Русија пред Петар Велики вештерките, гатачките, видовитите, биле неизоставен член на општеството. Вештерките се занимавале со лекување и со фрлање уроци и маѓии и со раздвојување младоженци и невести, со предвидување иднина според книги за гатање, со сето она поради што луѓето до денешен ден им се обраќаат на таролозите и на „исцелителите“. Со таа разлика што во 17 век за тоа можела да добие казна со камшикување, а за фрлање уроци и палење во дрвена колиба
Како вештерки во селото можеле да бидат означени жени поради, според мислењето на заедницата „погрешниот“ статус. „Статус на вештерка најчесто имале жените кои скршнале од вообичаениот животен пат, поврзан пред сѐ за остварување на семејната улога“, пишува етнографот Татјана Шчепанска во статијата за вештерките за енциклопедијата „Мажи и жени: Машкото и женското во руската традиционална култура“. Девојките кои направиле груба грешка, што момчињата ги „украле“ пред бракот, кои се мажеле по своја волја, без согласност на родителите, како и доселеничките, значи, оние што никогаш не се мажеле, ваквите жени со голема веројатност на себе можеле да навлечат сомнеж дека се вештерки и надрилекари.
Кит Томас во статијата „Религијата и опаѓањето на маѓијата“ пишува дека ваквите жени на кои често им била потребна секојдневна помош биле најранливи, и за да се најде повод да бидат одбиени, биле „прогласувани“ дека се вештерки и биле бркани. Секако, постоеле и жени кои живееле заработувајќи од гатање.
Вештерките во Русија, меѓутоа, не секогаш биле немажени жени. Во книгата на Николај Новомберски „Маѓијата во Московска Русија во 17 век“ се наведува семејниот статус на некои градски гатачки, тие биле сопруги на писари, драгони, „дојденци“, стрелци, војници-немници. Притоа мнозинството од нив било од најниските, бесправни сталежи, слуги, селани, странци (Татари и „Черкези“).
Општо земено, руските вештерки и врачари биле по правило многу сиромашни. Нивните услуги чинеле минимално, а многумина од познатите вештерки живееле од милостина. „Гатањето било оружје на слабите и на беспомошните“, пишува Нада Бошковска. „Жените го користеле стравот од маѓија за да ги плашат силните и моќните“.
И навистина ги заплашувале. Во Болхово во 1627 година сопругата на стрелецот Ана му се заканила на еден болјарски син (ситен воен командант) со фрлање уроци. Да, за време на буната на Стенка Разин се прочула вештерката Ана Арзамаскаја (Темникова) селанка атаманка, која фрлала уроци и им го пренесувала на другите своето искуство.
Во руските извори не се споменуваат вештерки кои прават објективно зло, испраќаат град и невреме, го предизвикуваат ѓаволот и кои принесуваат човечки жртви. Зошто на руското општество му биле потребни вештерки? За обредни функции, за народна медицина, но и за истраги за кражби.
Селските видовити жени и вештерки, како и вдовиците и осамените жени учествувале во различни обреди, кои биле зачувани уште од паганските времиња, да кажеме во обредот „орање“ со кој се штитела селската стока од „кравја смрт“, односно едноставно речено од помор на стоката. Вдовиците и немажените жени биле апсолутно неопходни за вршење на овој обред.
„Орање“ на колера за време на епидемија. Околина на Екатеринослављ, XIX век.
Слободни извориКога немало лекарска помош токму видовитите можеле да помогнат кај забоболка, кила, епилепсија и други чести болести. Во 1642 година еден стрелец на познајничка ѝ дал маѓепсано писмо против епилепсија. Вдовицата Улита Шчипанова од Вологодскиот крај научила од мајка си да исцелува и имала залихи билки и камења против сите болести, меѓу другото и против вошки.
Секако, ако можеле да лекуваат, вештерките можеле и да испратат болести и да фрлаат уроци. Во целото вештерките најчесто биле обвинувани за предизвикување икање, хистерични напади, машка импотенција. Посебна приказна биле килата, кои можеле да се одвратат, но и да се испратат, да кажеме така што некој ќе испие сварен сок од мочуришна вода. Маѓепсувањето и одвраќањето младоженци и невести исто така спаѓало во маѓијската област на знаењето.
На вештерките и на видовитите им се обраќале оние на кои им било нешто украдено, кои биле прелажани. Со ситните конфликти на селаните и на сиромасите извршната власт не сакала да се занимава. И од кого да се бара помош? Во 1647 година во Москва е ограбен селанецот Симон и тој за помош ѝ се обратил на врачарата Дарија која укажала на виновникот. Во 1658 година во Лиха една селанка добила маѓепсана сол што таа ја расфрлила за нејзиниот сопруг да излезе од затвор. Московските врачари продавале маѓија за успешна трговија, а еден маг препорачувал мечкина глава да се закопа среде дворот и „нема грижа, ќе има стока“.
Лекување деца во селото Увјаз - Рјазанска губернија. 1914 година.
Слободни извориВо Русија се сметало дека вештерка може да се стане, но не во контакт со ѓаволот, ами преку комуникација со создание од оној свет. Една девојка од Новгород што ја оставило момчето, пишува Шчепанскаја, сонувала мечка-маѓепсник кој ѝ ги открил тајните знаења. Една девојка се прочула во Окиловскиот реон како видовита. Добиената дарба била резултат на контактот со заштитник од оној свет кој го „заменил“ сопругот и на нејзиниот живот му дал нова смисла, видарството.
Демон-заштитник или тајна сила можеле да се добијат од друг маг или вештерка, да кажеме, во моментот на неговата смрт. Во Новгородската област постои приказна за змии, „огнени клопчиња“ кои можат да настанат така што ќе се најде „петлово јајце“ (неформирано, меко кокошкино јајце со големина на препелино) и да се носи под пазувите две недели, со почитување на завет за молчење. Според верувањето, од такво јајце ќе излезе змеј кој на сопствениците ќе им носи млеко од туѓи крави. Само треба ноќе да се стават земјени лончиња покрај отворен прозорец.
Потрагата по вештерките обично била поврзана со кризни ситуации во животот на селото. Суши, епидемии, помор на стока, парализа и кила, сите несреќи што ги снаоѓале, ги терале луѓето во очај да бараат виновник.
Вештерката, наводно, било најлесно да се фати затечена во вршење обред. Вештерките в зори врзувале ‘рж или пченица во поле, оделе по роса со расплетена коса и по себе влечеле чаршав, собирајќи роса за туѓа крава да остане без млеко.
Се верувало дека вештерка може да се претвори во животно, мачка, куче, свиња. Се случувало луѓето да фатат животно без стопан и да го обележат со ставање зарез на увото или на муцката.
Селските жени ги држеле на око, водејќи сметка дали колибата во којашто живеат сами жени е често осветлена („змејот лета кај неа“ или „ѓаволот оди кај неа“). Кога ќе се родело вонбрачно дете се велело дека е „од ѓаволот зачнато“. Ако стара жена „не сакала да ја земе смртта“ ја прашувале кому му фрлила уроци, кому му згрешила, зашто се верувало дека вештерката не може да замине на оној свет поради гревовите. На старите вештерки можело да им се помогне да починат со „одземање“ на силата и на знаењата.
„Докажаните“ вештерки покрај тоа што ги избегнувале, можеле да бидат и казнувани. Пред сѐ престанувале да ги пуштаат во домот, а освен тоа не им давале сол, кибрит и брашно. А, можеле да ѝ ја запалат куќата или лично неа. Во едно село во Пошехонскиот срез на Јарославската губернија кон крајот на деветнаесеттиот век една старица бил осомничена дека е вештерка зашто таа донела помор на стоката, па мештаните се обиделе да ја запалат во колибата. Несреќната жена успеала да ја спаси свештеникот.
Во Стара Русија, општо земено, погубувањето за практикување маѓија не било честа појава. Во Москва во периодот од 1622 до 1700 година од 99 случаи за занимавање со маѓија десет завршиле со палење. Погубувањата со палење не се вршеле со врзување за столб, ами со ставање во колиба (така ги палеле и староверците). „Во списите не се споменуваат ниту летови на вештерки на нивните собири“, пишува Нада Бошковска.
Иако Русите имале начини за „откривање“ на вештерките, немало тестирање како потопување во вода или мерење на голема вага, барање на телото ѓаволски симболи или знаци. Руските надрилекари и вештерки завршувале на справи за мачење со тегнење. Тоа било еден од најчестите начини на истрага во кривичните дела во тоа време. Општо земено, како што пишува Бошковска, „вештерењето во Московското царство и понатаму се карактеризирало како нанесување штета врз здравјето на посебен начин“, а се мислело пред сѐ на фрлање уроци. Казнување на маѓијските дела во поголем број случаи воопшто не се разликувало од казнувањето други кривични дела. Шибање, камшикување или прогонство на Сибир ги чекале обвинетите за вештерство чија вина била потврдена.
Важна разлика било тоа во Русија врачањето не било исклучиво женска работа. Секогаш имало помалку обвинети жени за маѓијски ритуали одошто мажи. Историчарката Валерија Кивелсон анализирала 223 судења за занимавање со вештерство во 17 век. Од 495 обвинети 367 или 74 отсто биле мажи, а 128 или 26 отсто жени.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче