Ќерката на Петар Први имала благ нарав и речиси слободно однесување. Сакала забави, луксуз, скапи комбинации за облекување кои повеќе откривале одошто покривале. Често ја гледале во друштво на разни млади луѓе. Петар Велики не стасал да ја омажи ќерка си (да кажеме, идниот француски крал Луј Петнаесетти го одбил предлогот).
Портрет на Елизавета Петровна, дело на Виргилиус Ериксен
Царское селоТаа речиси немала никакви шанси да дојде на власт. Во наследниот ред доаѓала по својот братучед Петар Втори, по постарата сестра Ана и нивните потомци. Сепак, венчавањето на принцеза како што била таа, било пред сѐ политичко прашање. И Елизавета уште во раната младост сфатила дека нејзиниот сентиментален живот будно се следи.
Кога на престолот стапило момчето императорот Петар Втори, Елизавета се зближила со него. Кружеле гласини дека Петар Втори е заљубен во својата млада тетка. Во секој случај многу време минувале заедно, оделе на лов и на излети. Постојат тврдења дека имало желба да се земат, но дека црквата не би одобрила брак на толку блиски роднини.
Портрет на Петар II, дело на непознат уметник
ЕрмитажУгледните семејства, Меншикови и Долгорукови, кои всушност владееле наместо Петар Втори, плетеле интриги и се бореле за влијание, плашејќи се од блискоста на момчето со Елизавета.
Стравувале од нејзиното влијание на Петар, и со самото тоа од губењето на власта, и планирале да го оженат младиот владетел со една од своите ќерки. Меѓутоа, Петар починал млад, без да се ожени.
Првите неуспешни мажачки на Елизавета се случиле уште за време на неговото владеење. Најпрво била во врска со генерал мајорот Александар Бутурлин, а потоа со камер-јункерот Семјон Наришкин. И двајцата Петар Втори ги протерал и биле во негова немилост. Или зашто бил љубоморен на Елизавета, или под влијание на своите советници.
По прераното заминување од овој свет на младиот Петар Втори, на престолот преку ред стапила Ана Иоановна, братучетка на Петар Велики. За време на нејзиното владеење на Елизавета ѝ се додворувале принцови од странство, но, плашејќи се од конкуренција, Ана сите ги одбивала. И така Елизавета која имала речиси триесет години останала немажена.
Следната голема љубов на Елизавета бил Алексеј Разумовски, по потекло запорошки Козак. Се зборувало дека бил најубав маж во целата Руска Империја. Разумовски ѝ помагал на Елизавета да го изврши дворскиот преврат и да дојде на власт, а потоа од императорката добил високи звања и грофовска титула.
Портрет на Алексеј Разумовски
(CC BY-SA 4.0)Елизавета, како што вели легендата, токму со Разумовски тајно се венчала во селото Перово во близина на Москва во 1742 година. Во црквата потоа долго се чувале „доказите“, рутуалните ткаенини „покрови“ кои наводно ги везела самата Елизавета. Таа потоа купила цело село и го изградила Разумовскиот дворец.
Елизавета не сметала дека е потребно да го открива бракот на пошироката публика. Имала над триесет години, а венчавањето со човек со не толку угледно потекло можело да ја налути аристократијата. А, Разумовски, покрај тоа, можел да има и претензии за власт. Се верувало дека за време на Елизавета милеништвото за првпат достигнало големи размери. Разумовски имал неограничена власт и силно влијаел на императорката и на нејзините одлуки.
Освен легендата за тајната венчавка на Елизавета, се ширеле и други, да кажеме, оние за деца со Разумовски. И иако императорката официјално никогаш немала наследник, современиците укажувале дека двојката веројатно има син и ќерка.
Постои легенда за „ќерката“ на Елизавета, позната како кнегињата Тараканова која за време на Екатерина Втора била насилно замонашена и до крајот на животот престојувала во Ивановскиот манастир во Москва.
„Кнегињата Тараканова“ на Константин Флавицки
Третјаковска галеријаИмало и многу други самозванци кои подоцна се претставувале како деца на Елизавета и Разумовски. Една таква личност е уапсена и била затворена во Петропавловската тврдина по наредба на Екатерина Втора. Елизавета всушност официјално била немажена дама до крајот на животот.
Во животот на веќе четириесетгодишната императорка се појавил уште еден млад миленик, грофот Иван Шувалов кој за време на нејзиното владеење станал просветител, основајќи го Московскиот универзитет и Академијата на уметностите. Меѓутоа, царицата до крајот на животот била блиска со Разумовски.
Портрет на Екатерина II, дело на Дмитриј Левицки
Новгородски музејЛистата на реалните и на наводните миленици на Екатерина броела околу двесете мажи. Срцето на императорката исполнето со љубов предизвикало појава на гласини за наводен неверојатен разврат што се случувал на дворот.
Екатерина Втора била сопруга на Петар Трети, наследникот на Елизавета Петровна. Петар Трети бил син на постарата сестра на Елизавета Ана (и внук на Петар Велики). На тој начин Елизавета се обидела да го воспостави нарушениот поредок на наследување на царската власт.
Петар израснал во Германија, а не го интересирале ниту Русија, ниту власта (ниту сопругата Германка). Царската брачна двојка сепак добила наследник, идниот император Павел Први (исто толку непопуларен како и неговиот татко). Подоцна се родила и ќерка која починала како дете. Петар Трети го признал детето, иако се сомневал во своето татковство. Екатерина, според распространетото мислење, ќерката ја добил од врската со својот љубовник, идниот полски крал Станислав Поњатовски.
Петар Трети имал репутација на чудак, спроведувајќи исклучително непопуларна политика, поради што Екатерина, со поддршка на благородништвото, особено од страна на миленикот Григориј Орлов, во 1762 година извршила дворски преврат.
Портрет на Григориј Орлов, дело на Фјодор Рокотов
Третјаковска галеријаПетар бил уапсен и набргу починал под неразјаснети околности. Користејќи го преседанот, ситуацијата во која Екатерина Прва станала императорка по смртта на сопругот Петар Први, и Екатерина Втора дошла на престолот по смртта на сопругот.
Интересно е што само неколку месеци пред да стапи на престолот, Екатерина (во тајност од својот сопруг) родила дете чиј татко бил Григориј Орлов. Вонбрачниот син, познат како Алексеј Бобрински, царицата, меѓутоа, нарочно не го криела, купувајќи му имоти и дворци. А, братот по неговата мајка Павел Први подоцна дури и му подарил грофовска титула.
Портрет на Алексеј Бобрински, дело на непознат уметник
ЕрмитажГригориј Орлов бил миленик на Екатерина повеќе од една деценија и императорката дури и сакала да се омажи за него откако дошла на престол, но ја убедиле да не го прави тоа. Подоцна таа имала и други љубовници, а Орлов бил отстранет од дворот.
Следниот миленик, и според сѐ најголемата љубов на Екатерина бил кнезот Григориј Потемкин. Тој бил десет години помлад од императорката, а кон Руската Империја припојувал нови територии.
Портрет на Григориј Потемкин, дело на Јохан Баптист Лампа Постариот
Нивната тајна венчавка се случила во 1774 или 1775 година. Многумина современици сметаат дека венчавката не била гласина, но дека навистина се случила. Потемкин имал големо влијание и власт поради што тој и царицата често се карале. На царицата ѝ било јасно дека тој не може да претендира на власт, па без оглед на нивната нескриена љубовна врска, не го промовирала како сопруг.
Кружеле гласини дека Екатерина родила ќерка со Потемкин, извесна Елизавета Тјомкина која тој ја претставувал како своја ученичка. Меѓутоа, многумина историчари сметаат дека е малку веројатно што Тјомкина можела да биде ќерка на Екатерина, зашто таа била родена кога царицата имала повеќе од 45 години.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче