Кралот Џорџ III (1793) и кралицата Викторија (1838)
Gainsborough Dupont / Royal Collection / Windsor Castle / British Museum / Public DomainКога англиските трговци воспоставиле контакти со московското царство во 16 век, крзното набргу станало најважен, најскап и најотмен предмет што се увезувал од руските земји.
Не само што Англичаните не можеле самите да ловат верверици, сребрени лисици и ласици во сибирските шуми – дури ни Русите не можеле тоа да го направат како што треба. Животните требало да се ловат внимателно, за нивната кожа да не биде оштетена, а тоа го знаеле само автохтоните сибирски народи. Локалните руски власти добивале кожа со крзно од животни како данок од домородните народи, а потоа им ги продавале на англиските трговци.
Во Британија скапите (и топли!) московски крзна се нарекувале „руско злато“. „Фините крзна чија употреба беше ограничена со закони за раскош и кои во голема мера беа показател за службата или за чинот, главно доаѓаа од Балтикот или од Русија“, има напишано британскиот историчар Едвин Рич.
Уште еден луксузен предмет бил по потекло од Русија, а е толку поврзан со московското царство што станал познат како „стакло од Московија“(Muscovy glass). Мусковит е минерал кој се состои од кристали кои можат да се раздвојат на тенки еластични листови. Така тој се користел како замена за стакло, бил популарен во Англија во 16 век и најголем дел, ако не и сиот, доаѓал од Русија.
Британците го користеле мусковитот за застаклување прозорци во домовите, на прозорци во вагоните и кај уличното светло, зашто материјалот добро поднесувал пад на температурите и не се деформирал. Поетот Џорџ Тубервил кој ја посетил Русија во 1568 година, признал дека „дури ни стаклото не може да би даде подобра светлина (од мусковитот)“.
Белугата, за која се смета дека го дава најдобриот црн кавијар, ја има во изобилство во Каспиското море, каде иранските и руските рибари ја ловеле многу пред кавијарот да стане познат во Европа. Во средниот век, се проширила ширум Европа и во Англија – веќе во 1254 година кралот Едвард Втори ја прогласил есетрата за кралска риба, што значело дека секоја есетра која ќе се фатела во близина или во самата Британија морала да се најде на кралската трпеза.
Но, не само кралскиот двор бил наклонет кон кавијарот. Од Русија тој се извезувал и во Холандија, во Шпанија, во Франција и во други земји. Само во периодот од 1651 до 1653 година, пристаништето Архангељск, како што пишува шведскиот трговец Јохан де Родец, има продадено над 320 тони кавијар.
Мини на Мориц Херман фон Јакоби
Слободни извориКримската војна (1853-1856) била разорна за Русија и во воена и во дипломатска смисла. Меѓутоа, една епизода излегла навистина славна за техничарите на руската војска. Мориц Херман фон Јакоби, пруски инженер во руска служба, бил акредитиран за пронаоѓање галвански мини. Вкотвени за дното на морето, со кабел биле поврзани со брегот. Силата на експлозијата била околу 14 килограми (31 фунти) црн барут.
Во 1854 година поставени биле 60 Јакобиеви мини во близината на тврдината Павел и Александар (Кронштадт), со цел да се одврати британската Балтичка флота од напади. Кога во јули 1855 година англиската балтичка флота му се приближила на Кроншадт, четири брода биле оштетени од мините, по што вицеадмиралот Чарлс Џон Нејпиер ѝ заповедал на својата флота да се повлече. Руската царска морнарица станала првата флота во светската воена историја која користела морски мини не спорадично, ами како елемент од планираната поморска стратегија. Руските поморски мини останале најдобри на светот сѐ до почетокот на 20 век. Во Првата светска војна американската морнарица и британската кралска морнарица успешно создале баржа со мини во Северното море која требало да ги заштити британските острови од германските чамци и подморници.
За време на посетата на Русија за трговија со крзно, лискун или коноп, англиските трговци се запознале со необичен начин за подготвување путер. Прочистениот путер, кој е млечна маст одвоена од цврстите материи на млекото и водата со топење на млечниот крем, бил руски начин за подготовка на путер кој станал популарен кај англиската аристократија.
До денес во Англија постои „руски“ путер – но тоа е „руски путер крем“ кој се прави од само две состојки – путер и засладено кондензирано млеко, што самото по себе е руски феномен.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче