На самиот крај на Втората светска војна, американската амбасада во Москва лобирала за издавање списание во кое на советските читатели би им се раскажувало за животот во САД. Откако Американците добиле дозвола од советските дипломати во 1945 година, не требало многу време за да се појави првото издание на списанието.
Во редакцискиот предговор во првиот број на списанието „Америка“ беше изнесена намената и уредувачката политика на публикацијата:
„Ова списание е [...] за американкиот народ – Како живеат, како работат и како се забавуваат Американците. Нивните расположенија и желби, нивните грижи и тежнеења и нивните моменти на одмор и на разонода – сето тоа ќе се обидеме да го опишеме на страниците на нашето списание […]
Ќе се обидеме да ви покажеме што мислат и што прават Американците, што читаат и за што разговараат. Во овој и во следните броеви на 'Америка' читателите ќе најдат многу статии препечатени од познати списанија што ги читаат милиони Американци“.
Без пристап до Интернет, до Холивуд или до другите обележја на американската популарна култура, списанието било единствен начин да се согледа животот од другата страна на железната завеса – за оние советски граѓани кои можеле да стасаат до редок примерок од него, секако.
Меѓутоа, уште од самиот почеток советската влада зазела скептичен став кон американската иницијатива и инсистирала на тоа единствената намена на списанието е да ја промовира улогата и значењето на Соединетите Американски Држави во Втората светска војна, како американските традиции и институции.
Навистина, сликата на животот во САД како што ја прикажуваше списанието беше шокантно добра во споредба со она што Советите го доживуваа во СССР.
Списанието маестрално го рекламирало изобилието на стоки и можности во капиталистичкиот свет. На пример, централна тема на едно од изданијата на списанието беше вработувањето на младите во САД.
„Задоволство е да се работи на стадион. Сите натпревари можете да ги гледате бесплатно“, го цитираше списанието 17-годишниот Мајкл Бурман кој заработувал 3,35 американски долари на час, како што тврдат уредниците. Колби Рејнолдс, уште еден тинејџер кој е претставен во изданието, работел на ранч и успеал да заштеди доволно пари за да купи мотоцикл, сонот на секој тинејџер во СССР.
Понекогаш списанието „Америка“ претставувало статии препечатени од други американски списанија. На пример, статијата „Подобри куќи и градини“ која повторно е напечатена во „Америка“ сигурно ги шокирала советските домаќинства зашто во неа се претставени раскошни ентериери за кои во Советскиот Сојуз никогаш не се слушнало.
Списанието „Америка“ било познато и по своите фотоприказни. Тие ги покривале сите аспекти на животот во САД на фотографии и давале редок увид на советските граѓани за тоа како изгледале американските градови.
Сѐ на сѐ, списанието првенствено содржело приказни за луѓето. Секоја тема е прикажувана низ призмата на обичните Американци, тинејџери, студенти, работници, фармери, политичари и на жителите на големите и на малите градови.
Редакцијата големо внимание обрнувала на илустрациите. Воделе исклучителни фотоприказни кои имале големо влијание врз Советите што го читале списанието.
Со текот на времето тиражот на списанието пораснал од 10 на 50 илјади примероци по број. Статусот на сојузничка нација им помагал на Американците да го заштитат и да го прошират единствениот пристап на читателската публика среде железната советска цензура.
Со почетокот на Студената војна, советската влада размислувала за тоа во целост да го забрани тиражот на списанието или да заплени 80 отсто од секое издание и да ги надополни загубите на советските издавачки куќи од државниот буџет.
Во 1952 година САД престанале да го издаваат списанието во СССР во знак на протест поради притисокот со кој се соочувало списанието во Советскиот Сојуз.
Меѓутоа, САД продолжиле со дистрибуција на списанието во СССР во 1965 година зашто советската и американската влада се сложиле да дозволат една на друга да издаваат списание во двете земји со ограничен тираж од 30 илјади примероци по број.
Без оглед на тоа, советските власти имале цел да го неутрализираат влијанието на списанието со поместување на контрапропаганда и обезбедување бројките и фактите изнесени во „американското“ списание да се побиваат, а „американскиот начин на живеење“ да се осуди.
Кога во втората половина на осумдесеттите години Михаил Горбачов ја започна политиката на перестројка, беа укинати сите ограничувања поврзани со тиражот на списанието „Америка“ во СССР, а примероците слободно се продаваа во киосците.
Списанието продолжи да излегува до 1994 година – три години по распаѓањето на Советскиот Сојуз – кога беше принудено да се затвори поради финансиски тешкотии.
Денес сѐ уште може да се купи ограничена колекција на списанието „Америка“ во Русија за околу 300 американски долари.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче