Олег со единиците пред ѕидините на Цариград. Минијатура од Раѕивиловската хроника (почеток на 13 век).
Public domain1. Ова варварско племе секогаш предизвикуваше омраза кон владеењето на Ромеја, и во секоја можна пригода измислуваа де едно, де друго обвинение, создавајќи на тој начин повод да војуваат со нас“, вака византискиот писател Михаило Псел ги опишувал Русите кои со своите упади во текот на неколку векови ја разнишаа Источната римска (Византиска) империја.
Русите пред ѕидините на Константинопол, 860 година.
Public domain2. Владетелите на Киевска Русија ги привлекувало богатството и раскошот на Константинопол, далечната престолнина на Ромеја која тие ја нарекуваа Цариград. Кнезовите, за волја на вистината, не се запирале на напади и пљачкосувања на Цариград. Од време на време се фаќале во костец со византиските императори (василевси) и стапувале со нив во жестока борба за сферата на влијание на бреговите на Црното море.
Константинопол од византиско време од птичја перспектива (реконструкција).
Public domain3. Во походи на Византија Русите почнале да заминуваат во првата половина на 9 век. Кнезовите се трудеа да нападнат во момент кој најмалку ѝ одговараше на империјата, односно кога нејзината армија и флотата беа ангажирани во некој од многуте бескрајни конфликти во Азија и на Балканот. За поголеми кампањи обично се собираше голема војска. За походот на кнезот Олег во 907 година во хрониката „Повест за минатите години“ пишува дека тој „зеде со себе мноштво Варјази и Словени, и племињата Чуд, Кривичи, Мерјани, Пољани, Северјани, Древјани, Радимичи, Хрвати, Дуљеби, Тиверци... И со сите нив тргна Олег на коњи и во бродови. И бродови имаше две илјади“.
Олег со единиците пред ѕидините на Цариград. Минијатура од Раѕивиловската хроника (почеток на 13 век).
Public domain4. Меѓутоа, Константинопол беше речиси неосвоив. Неговите високи бедеми беа непремостлива пречка, дури и за таква огромна војска. Русите добро знаеле дека мораат да го држат под опсада и затоа ја пљачкосуваа и ја палеа неговата околина. Походот на кнезот Игор на Константинопол во 941 година вака е опишан во хрониката: „А, кого заробија, едни ги распнаа, други ги поставија како мета и со стрели ги гаѓаа, врзувајќи им ги рацете зад грбот и забивајќи им железни клинци во главата. Многу храмови со оган ги запалија и... земајќи многу богатства“.
Дејство на грчки оган за време на опсадата на Константинопол под команда на Игор. Гравура на Ф.А. Бруни, 1839 година.
Public domain5. Понекогаш, немајќи сила да се спротивстави на „дивите Скити“, Византијците ја откупуваа својата слобода. Кнезот Олег од империјата издејствува данок и привилегии за руските трговци со самото тоа што демонстрираше сила. По завршувањето на преговорите тој во знак на победа го закова својот штит на градската порта.
Визнатиски пратеници кај Олег пред Цариград. Илустрирана хроника, средина на 16 век.
Public domain6. Походот на Игор од 941 година успешно започна, но заврши со целосен слом, така што три години подоцна киевскиот владетел започна да подготвува нова голема експедиција. Константинопол, меѓутоа, не чекаше да дојдат Русите, ами на рускиот кнез му испрати пратеници, нудејќи богати подароци. На крајот кнезот и неговата дружина одлучија да се откажат од воената кампања: „Без борба ќе земеме злато, сребро и 'паволока' (скапоцени ткаенини – заб. Russia Beyond)! Кој знае кој ќе победи – ние или тие? Зашто со морето не можеме однапред да се договориме, не одиме по земја, ами по длабочината морска, и тука сите нѐ демне смртта“.
Руски и грчки пратеници кај Игор ги разгледуваат условите за склопување мир.
Public domain7. Не секогаш работите се сведуваа на пљачкосувачки походи. Киевска Русија и Византиската Империја во периодот од 968 до 971 година сериозно војуваа за Бугарското Царство, кое василевс го доживуваше како сфера на своите интереси. Кнезот Свјатослав покори неколку десетина бугарски градови. „Се зборува дека тој, освојувајќи го градот Филиполис, на жесток и нечовечен начин набил на кол дваесет илјади заробеници, и заплашувајќи ги со тоа ги принуди да му се покорат“, има напишано визатискиот автор Лав Ѓакон. На крајот, меѓутоа, воената среќа го напушти војсководецот и тој беше принуден да склопи мировен договор со империјата, одрекувајќи се од своите територии.
Кнезот Свјатослав ја однесува победата над Византијците. Сликар Н. Павлович.
Public domain8. За време на владеењето на синот на Свјатослав, Владимир, започна интензивно зближување на двете сили. Киевскиот кнез се ожени со Ана, сестрата на василевсот Василиј Втори Бугароубиецот и го поддржа во борбата против побунетиот војсководец Варда Фока, а во 988 година започна сеопфатна христијанизација на својата паганска држава по византиски обред, што на константинополските патријарси им овозможи да го прошират своето влијание на Русија.
Василиј Втори Бугароубиецот и Константин Осми ја убедуваат Ана да се омажи за Владимир.
Public domain9. Духовниот сојуз на Русите и Византијците воопшто не подразбираше прекин на политичкото ривалство. Така во 1043 година синот на кнезот Јарослав Мудриот, Владимир, тргна во поход на Византија, а како повод послужи убиството на еден руски трговец во Константинопол. Императорот се извини, но тоа не помогна. Воената кампања заврши со целосна катастрофа: во морската битка кај светилникот Искрест, во близина на ромејската престолнина, целата руска флота беше уништена, а поголемиот дел од осумстотината заробени војници беа ослепени од страна на војниците на Ромеја.
Руско-византиската војна од 1043 година.
Public domain10. Киевскиот кнез Владимир Мономах во 1116 година се осуди на дрска постапка кон Византија. Во негови раце се наоѓаше самозванец кој се претставуваше како Лав, односно загинатиот син на соборениот василевс Роман Диоген. Тој го призна правото на самозванецот на византискиот трон и за него ја омажи својата ќерка Марија, а потоа му ја стави на располагање својата војска. Мономах го испрати лажниот Диоген во Бугарија да војува против војската на василевс Алексеј Први Комнин, а Бугарија тогаш беше дел на Византиската Империја.
Собор на Владимир Мономах со болјарите и кнезовите, на кој ги повикува на поход на Византија, Мономахов престол, 1551 година.
Public domain11. Владејачкиот василевс сериозно се загрижи поради ваквиот упад. На својот ривал му испрати двајца платени убијци и тие успешно ја завршија работата. Набргу потоа руската војска ја напушти територијата на Византија, без да постигне некаков сериозен успех. Така заврши последниот поголем вооружен конфликт помеѓу двете држави. Кон средината на 12 век започна процесот на распаѓање на некогаш моќната Киевска Русија на посебни кнежевства кои повеќе не можеа ни да сонуваат за походи на далечниот Цариград.
Нитка на новгородци и суздаљци, 1170 година, фрагмент од икона од 1460 година.
Public domainПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче