„Од сите свои битки што сум ги имал најужасна ми беше онаа во близината на Москва. Французите во тој судир покажаа дека се достојни за победа, а Русите се прославија како непобедени“, вака Наполеон Бонапарта ја окарактеризира Бородинската битка што се одигра на 7 септември 1812 година стотина километри од Москва. За само еден ден борба беа убиени, ранети или исчезнаа околу 80.000 војници на Наполеоновата „Голема армија“ и руските единици на чело со генералот Михаил Иларионович Кутузов. По тоа Бородинската битка сѐ до почетокот на Првата светска војна важеше за најкрвав еднодневен во историјата.
Кутузов пред Бородинската битка ја бакнува чудотворната икона на Смоленската Богородица.
Николај СамокишБонапарта посакуваше решавачка битка против Русите откако неговата војска на 24 јуни 1812 година ја премина границата на Руската Империја. Русите, меѓутоа, на сите начини избегнуваа директен судир со прочуениот војсководец и се повлекуваа, мамејќи ги длабоко на својата територија. Но, како што Французите се приближуваа на Москва руската јавност и императорот Александар Први сѐ повеќе инсистираа командантот Кутузов конечно да се фати во костец со Наполеон. Рускиот војсководец на крајот мораше да попушти.
„Наполеон на возвишението кај Бородино“
Василиј ВерешчагинФранцуската и руската армија имаа отприлика ист број војници, секоја околу 135.000. Наполеон планираше со силен напад да ја разбие руската одбрана, да се пробие во тилот на рускиот фронт, а потоа да го опколи непријателот и да го уништи парцијално. Кутузов, од друга страна, планираше да го намами непријателот на Бородинското поле каде забрзано беше направена линија на одбрана долга осум километри, и потоа да тргне во голема контраофанзива. На 5 септември Французите неколку дена пред почетокот на битката, го зазедоа Шевардинскиот редут, истурено упориште на руската армија, но пожртвуваниот отпор на бранителите на оваа положба сепак му овозможи на Михаил Иларионович да добие време и подобро да се подготви за одбрана.
В зори на 7 септември француската војска од корпусот на принцот Ежен де Боарен изврши напад на селото Бородино во центарот на руските положби. Еден час по крвавата борба селото беше освоено, но Французите имаа големи загуби. Токму тука загина генералот Луј Огист Полозон, прв, но не и последен командант од висок ранг кој тој ден го изгуби животот.
Битката за Москва. Позициите во 12 часот и 30 минути.
Франц РубоНападот на Бородино имаше за цел да го привлече вниманието на руските единици со цел да го занемарат другиот, поважниот правец. Имено, главниот удар „Големата армија“ го зададе на левото крило на руските единици, каде се наоѓаа таканаречените Семјоновски ровови. Одбранбената положба на војската на генералот Пјотр Багратион беа посипани со концентрирано пукање од 130 француски оружја. Тука, на ударниот правец, дејствуваа силите на тројца маршали: Жоахим Мир, Мишел Неј и Луј Никола Даву.
Бородинската битка на 26 август (7 септември) 1812. Петер фон Хес
„На левото крило се одигруваше мошне жестока битка. Русите се држеа храбро во рововите, така што Французите секој чекор напред го платија со голем број жртви. Навистина е зачудувачки поривот со кој тие јуришаа во смрт, и зачудувачка е присебноста со која се бранеа Русите, амортизирајќи го силното напредување на бројниот непријател“, напишал подоцна генерал0мајорот на артилеријата Иљја Родожицки. Рововите издржаа седум напади. Французите во повеќе наврати заземаа положби кои потоа руските војници веднаш ги ослободуваа во контранапад. Во еден од тие контранапади смртно е ранет генералот Багратион.
Нападот на Платовите козаци на тилот на Наполеоновите единици.
Public domainВо девет часот наутро непријателот ги зазеде Семјоновските ровови (кои подоцна го добија називот Багратионови). Во тој момент жестоки борби се водеа веќе и на Курганската кота, односно во центарот на руската армија каде се наоѓаше артилериската батерија на генералот Николај Раевски. Напладне настана критичниот момент, кога левото крило на Наполеоновите единици неочекувано го нападнаа 1 коњички корпус на генералот Фјодор Уваров заедно со осум козачки полкови на Матвеј Платонов кои кришум ја форсираа реката Колоча. Во редовите на Французите дојде до поместување, што го принуди императорот дел од своите единици да ги испрати на таа страна и со тоа да го намали интензитетот на нападот на положбите на Раевски. Коњицата и козаците добија време, така што на Курганската кота пристигна свежа резерва, а тие се повлекоа.
Царскиот гардиски Имаиловски полк во Бородинската битка.
Александар КоцебуВо жестоките крвави судри на положбите на батеријата на Раевски повеќе пати преминуваа од раце в раце, за во 15 часот Французите конечно да се утврдат на оваа положба. „Внатрешноста на редутот изгледаше ужасно“, има напишано подоцна капетанот Ежен Лабом: „Трупови лежеа на куп, еден преку друг, и меѓу нив имаше многу ранети чии лелеци не се слушаа. На земјата беше расфрлано разно-разно оружје... Во тој хаос забележав труп на руски артилерец со три ордени на градите. Ми се чинеше дека овој јунак сѐ уште дише, во едната рака држеше парче сабја, а во другата цврсто ја беше гушнал пушката со која добро се служел. Непријателските војници кои го држеа редутот не сакаа да се предадат по цена на животот...“
Битката кај Бородини, 1812 година. Нападот на рускиот Литвански лејб-гардиски полк.
Николај СамокишВо 17 часот императорот лично дојде во батеријата и виде слика која не можеше да не му се допадне: силно разнишаната, но не и скршена, руска војска во целосен ред се повлече на новите положби, подготвена да го пречека секој нов напад. Кога започна да се стемнува борбите престанаа, но артилериската канонада продолжи. „Што прават Русите?“, запраша нешто подоцна Наполеон. „Стојат во место, ваше величество“. „Зајакнете го огнот, значи дека им треба уште“, нареди намуртено: „Дајте им уште!“ И покрај убедувањата од страна на генералот, тој не сакаше да ги испрати во бој своите последни резерви, елитната Стара гарда која броеше 19.000 војници.
Бородинската битка
Луј ЛеженРуската војска уште пред разденување ги напушти своите положби и се повлече во правец на Москва. Истоштените Французи немаа ни можност, ниту, пак, желба да ги гонат, па останаа да преноќат тука, на бојното поле, меѓу труповите. „Околу секој оган, штом светлоста на неговиот пламен ќе се појавеше во мракот, се собираа ранетите, луѓето кои беа на умирање, и набрзо нив ги имаше повеќе од нас“, напишал капетанот Брант: „Слични на авети, тие од сите страни се движеа во полумракот, се влечеа кон нас, ползеа до круговите осветлени од огнот. Едни, страшно осакатени, на тоа ги потрошија последните остатоци од своите сили, тешко дишеа и умираа загледани во пламенот, како него да го молеа за помош. Други, во кои сѐ уште имаше останато живот, изгледаа како сенки на мртвите!“
Јуриш на лејб-гардискиот Литвански полк.
Николај СамокишРуската армија имаше околу 45.000 мртви, ранети и исчезнати, додека Французите, според процените, изгубија 35.000 луѓе. Вкупно 16 француски и руски генерали останаа да лежат на бојното поле, а уште шеесетина генерали беа ранети или со повреди. Бородинската битка понекогаш се карактеризира како „Битка на генералите“ поради големиот број загуби меѓу највисоките офицери.
„Крај на бородинската битка“
Василиј ВерешчагинНаполеон Бонапарта ги зазеде сите клучни непријателски положби и ја принуди руската армија да се повлече од бојното поле, па со тоа однесе тактичка победа. Од стратешка страна, меѓутоа, Бородино беше негов пораз, зашто руските единици не беа скршени и целосно го зачуваа својот борбен поредок. „Каква корист имаше од тоа што бојното поле остана во наши раце:“, се прашуваше генералот Филип Пол де Сегир: „Зарем во олку голема земја како што е оваа на Русите може да им недостасува простор за борба?“
Тела на загинати војници на Наполеоновата Голема армија оставени на мостот преку реката Колоча по Бородинската битка во 1812 година.
Christian Wilhelm von Faber du Faur„Големата армија“ се наоѓаше далеку од дома, а претрпе ненадоместливи загуби за кои на крајот излезе дека се залудни. Разочарување малку започна да го фаќа и императорот, и неговите генерали, и обичните војници. Сепак, Французите се надеваа дека оваа воена кампања ќе ја крунисаат со триумф. По Бородино продолжи движењето во насока на Москва. Не беа свесни дека одат во сигурна смрт.
М.М. Тучкова на Бородинското поле. Парастос на генералот А.А. Тучков.
Simon Kozhin (CC BY-SA 3.0)При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче