Сè започна пред официјално да биде формирана советската држава. Црвената гарда беше доброволечка вооружена група која ги поддржуваше болшевиците. Кога тие ја презедоа власта во револуцијата од 1917 година, беше основана Црвената армија на работниците и селаните, која во Граѓанската војна се бореше на страната на болшевиците против белоармејците на страната на монархистите. Црвената армија беше официјалното име на вооружените сили на земјата сé до 1946 година, кога го промени своето име во Советска армија.
Симболот на Советската армија и познатиот пропаганден постер од Граѓанската војна – „Дали се пријави за доброволец?“
Јавен доменНе е изненадувачки што симболот на советската армија беше црвена петокрака. Првично тоа беше симболот на Марс, римскиот бог на војната, кој се користеше на грбовите на војските на голем број земји, вклучително и САД (црвената ѕвезда беше државен амблем на сите воени авиони што ги користеше Америка во мексиканската експедиција 1916-1917 година). Војската на Руската империја во доцниот период исто така користеше ѕвезда, но жолта со двоглав орел во неа.
Така црвената ѕвезда најпрвин се појави на униформите на Црвената армија, а потоа и насекаде. Во 1930-тите, црвените ѕвезди ги заменија и позлатените орли на кулите на Кремљ.
Црвените ѕвезди потоа се најдоа и на врвовите на советските новогодишни елки, па и на надгробните споменици.
Црвената боја има уште едно значење. Од Француската револуција 1789 година, црвената боја се смета за боја на револуцијата, боја на крвта пролеана во борбата за слобода. Црвеното знаме е користено многу пати во голем број земји.
Анри Феликс Емануел Пилипото: Ламартен го одбива црвеното знаме пред хотелот Де Вил 1848.
Јавен доменБолшевиците мораа да се ослободат од сите царски симболи и бои (вклучувајќи го двоглавиот орел и националното руско бело-сино-црвено знаме) и мораа да измислат нови моќни симболи за да го заземат нивното место.
Црвеното знаме стана „симбол на државниот суверенитет на СССР и нераскинливиот сојуз на работниците и селаните во борбата за изградба на комунистичко општество“. На знамето се најдоа српот и чеканот (сојузот на работничката класа и селаните) и црвената ѕвезда како „симбол на конечната победа на идеите на комунизмот на петте (населени) континенти на планетата“.
Црвеното знаме беше официјален советски симбол до распадот на земјата 1991 година, како и симбол на комунизмот во целина. Земјите од Источниот блок, каде што СССР имаше силно влијание, исто така имаа црвена боја (или дури и црвена ѕвезда) на нивните знамиња, додека знамињата на земји како Кина, Виетнам и Северна Кореја и денес асоцираат на советското црвено знаме.
Во советологијата, науката која се занимава со историјата на Советскиот Сојуз и влијанието на оваа земја врз остатокот од светот, се појавува терминот „црвена империја“ или „советска империја“. Црвената империја и Источниот блок на земјите под нејзино влијание, се разбира, беа ривали на „капиталистичките“ земји во Студената војна... А САД беа тие што пред сé го нарекуваа Советскиот Сојуз „империја на злото“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче