Во Црното море тогаш животот го загубија 432 лица. Тоа беше една од најтешките поморски катастрофи во историјата на земјата. Несреќата со „Нахимов“ странските медиуми ја нарекоа „трагедија на советскиот Титаник“. Причина за несреќата беше судирот на бродот „Адмирал Нахимов“ со товарниот брод „Петар Васев“, кој можеше да се избегне. Меѓутоа, капетаните на двата брода, стари морски волци, поради трагичен сплет на околности, направија неколку кобни грешки поради кои стотици луѓе загинаа.
Во несреќата настрадаа 432 лица, патници и членови на екипажот.
Бродот „Адмирал Нахимов“ во тоа време беше стар 61 година и претходно еднаш имаше потонато за време на Втората светска војна, кога наиде на мина. „Адмирал Нахимов учествуваше и во спасувањето на патниците на потонат британски брод“.
Според сеќавањата на еден од патниците кој го преживеа бродоломот, најстрашните звуци ноќта кога потона „Адмирал Нахимов“ биле криците на децата кои повикувале на помош. Дваесет деца загинаа. Повеќето од децата родителите ги оставиле да спијат и ги заклучиле во кабините, додека самите излегле на горната палуба. Во тесните ходници во кои се слеваше водата луѓето не знаеја каде да бегаат, се газеа едни со други во мракот.
Според сведочењето на преживеаните, во тие критични моменти се покажала вистинската природа на секој човек. Имало и такви кои на другите им ги грабале елеците за спасување и се тепале за секој чамец. А имало и други кои до последен момент заедно со членовите на екипажот помагале да се спасат старците, жените и децата, давајќи им ги своите елеци.
На капетаните на бродот им беше судено во март 1987 година во Одеса. Двајцата беа осудени на 15 години затвор.
Во 1992 година претседателите на Русија и Украина одлучија да ги помилуваат капетаните. Инаку, ознаката за доверливо сé уште не е тргната од овој кривичен предмет.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче