Како СССР пушти 35 илјади странци да поминат зад „железната завеса“ (ФОТО)

Давид Шоломович/Sputnik
Пред точно 65 години во Советскиот Сојуз се одржа Шестиот светски фестивал на младина и студенти кои засекогаш ќе ја променат оваа земја и нејзините жители.

Летото 1957 година, во екот на „хрушчовското затоплување“, во Москва беше отворен Шестиот светски фестивал на младина и студенти, манифестација која за прв пат по војната ја крена „железната завеса“ меѓу Советскиот Сојуз и Западот. Во текот на двете недели од неговото одржување (28 јули - 11 август), во главниот град на СССР се сјатија околу 35 илјади луѓе од 131 земја.

Не само на советските граѓани, туку и на странските туристи тие две недели оставија силен впечаток и беа големо откритие. Странците немаа претстава што се случува во земјата на Советите, додека советските граѓани цело време беа отсечени од „влијанието на капитализмот“. Во текот на споменатите две недели во Москва се одржаа над 800 концерти, театарски претстави, предавања, семинари од областа на науката и културата, спортски натпревари и други манифестации.

Сепак, клучна работа во целиот настан беше слободната комуникација. На гостите на фестивалот им беше дозволен контакт со жителите на Москва, што според советските мерила можеше да се нарече отвореност без преседан. Токму тогаш жителите на СССР се запознаа со рокенролот, џинсот, кока-колата, глок-здолништата и патиките, и токму тогаш во земјата се појави нова илегална професија на „шверцери“, формирана од луѓе кои од странците го купуваа она што го немаше во СССР и таа стока им ја препродаваа на сонародниците.

Подетално за тоа како еден младински фестивал го промени Советскиот Сојуз прочитајте овде. А во меѓувреме да погледнеме историски фотографии.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња