„Отсекогаш мошне високо сум ја ценел личноста на генерал Алексеев и иако ретко се среќававме, сметав дека е најистакнат наш генерал, најобразован, најпаметен, најподготвен за широк спектар воени задачи“, тврдеше командантот на Црноморската флота на Руската Империја за време на Првата светска војна адмиралот Александар Колчак.
На почетокот на светскиот воен судир Михаил Васиљевич Алексеев бил на должноста началник на штабот на Југозападниот фронт. Во периодот од август до септември 1914 година за време на Галициската битка војската на фронтот на Австро-Унгарија ѝ има нанесено тежок пораз, заземајќи ја Галиција и дел од австриска Полска. Од овој удар Австријците не успеале да закрепнат сѐ до крајот на војната.
Без оглед на тоа што сите почести му припаднаа на командантот на Југозападниот фронт генерал Николај Иванов, токму Алексеев беше главниот креатор на победата. Иванов, според мислењето на Антон Деникин „немаше широки стратегиски знаења... Но, за началник на штабот го имаше генералот М.В. Алексеев кој беше голем авторитет во поглед на стратегијата и главен учесник во прелиминарната изработка на воениот план на австрискиот фронт... Практично предводник на армијата беше генерал Алексеев“.
Летото 1915 година Централните сили, откако решија да ја изведат Руската Империја од војната, презедоа против неа офанзива од големи размери. На крајот, откако претрпе тежок пораз, руските армии го започнаа големото повлекување во внатрешноста на земјата. Без оглед на сериозниот недостиг од муниција и крајниот замор на војниците и на офицерите, командантот во тоа време на Северозападниот фронт генерал Алексеев успеа да реализира планско, организирано и, што е најважно, навремено повлекување на своите единици, без да му дозволи на противникот да ги отсече, ниту да ги опколи.
На 18 август 1915 година Николај Втори го постави Алексеев на местото началник на Врховниот штаб. Михаил Васиљевич ефикасно раководеше со обновата и со пополнувањето на исцрпената војска, како и со нејзино подобрување со техничка опременост. Директно учествуваше и во развојот на една од последните успешни офанзиви на руската армија во првата светска војна, таканаречениот Бруислов продор на подрачјето на Волино, Галиција и Буковина летото 1916 година, кој заврши со тежок пораз на германските и на австриските единици.
По Февруарската револуција од 1917 година и падот на самодржавието Алексеев беше поставен за врховен командант, меѓутоа, релативно брзо дојде во судир со новата влада на земјата. Генералот беше решителен противник на „демократизацијата“ на армијата (укинување на раководството на еден човек) што власта ја иницираше со идеја да го подигне духот на војниците, а која на крајот доведе до молскавичен распад на вооружените сили. Сѐ дури беше на функција (до 21 мај 1917 година) Михаил Васиљевич работеше на враќањето на редот и дисциплината во војската, но не успеа во тоа.
Летото 1914 година во Галициската битка Осмата армија на југозападниот фронт, поразувајќи ги австроунгарските сили и заробувајќи дваесет илјади војници, продре 150 километри во длабочината на Галиција и го освои градот Галич. На ваков добар начин започна Првата светска војна за командант генералот Алексеј Алексеевич Брусилов.
Грижата за војниците, за нивната исхрана и за нивната опрема, војсководецот ја сметаше за едно од своите најважни задолженија. Покрај тоа тој никогаш не се двоумеше вo примената на сурови казнени мери кога тоа го наложуваше ситуацијата.
За време на катастрофалното „Големо повлекување“ во 1915 година се појави наредба на Брусилов. „Кон плашливците што ќе го напуштат стројот или што ќе се предадат не треба да се има милост. На оние што ќе се предадат треба да се отвори оган од пушки, митралез или артилерија, па и по цена на прекин на огнот кон непријателот. Во поглед на оние што се повлекуваат и бегаат на ист начин, а по потреба може да се примени и општа егзекуција. На кукавиците не им е место меѓу нас и тие треба да бидат истребени“.
„Продорот на Брусилов“ стана круна во кариерата на Алексеј Алексеевич, кој пролетта 1916 година беше командант на југозападниот фронт. Тој одлучи да се пробие длабоко во ешалонизираната одбрана на австроунгарските единици со силни удари на својата армија која му беше на располагање истовремено на неколку сектори. Зашеметениот противник се губеше, не знаејќи во која насока да ја зајакне одбраната и да ги насочи резервите.
Германците и Австријците изгубија околу 1.5 милиони луѓе кои беа убиени, ранети, заробени и исчезнати (загубите на Русите изнесуваа околу половина милион луѓе). Тие беа принудени итно да ги префрлат своите резерви од другите фронтови што ја олесни положбата на Французите кај Вердана и ја спаси италијанската војска од поразот кај Терентино. Освен тоа, инспирирана од успехот на Брусилов, Томанија влезе во војната на страна на Антантата.
„Замислете само, во јули Западаниот и Северниот фронт да се нафрлеа со сите свои сили врз Германците, без сомнение ќе беа скршени, но требаше само да се нафрлиме по углед и на начин на Југозападниот фронт, а не на еден сектор од секој фронт“, се жалеше во своите мемоари Алексеј Алексеевич. „Југозападниот фронт, без сомнение, е најслаб, и да се очекува од него да биде пресвртница во војната не беше осмислено. Добро е што ненадејно беше добиена задача која повеќекратно беше исполнета... Секако дека југозападниот фронт не можеше да ја замени целата повеќемилионска руска војска, собрана на целиот руски Западен фронт“.
На 22 мај 1917 фодина Алексеј Брусилов го замени Михаил Алексеев на местото врховен командант, меѓутоа, тој како и неговиот претходник не успеа да направи чудо со распаднатата армија. По неуспехот на таканаречената Јунска офанзива, на негово место дојде генералот Лабр Корнилов.
На 29 декември 1914 година Третата армија на Османската Империја која броеше 90 илјади војници го опколи градот Сарикамиш во Курската област (денес во Турција). Зад градот се простираше пат кој водеше директно кон средиштето на рускиот Кавказ. Руската војска не беше малобројна (60 илјади), но остана и без раководен кадар: командантот на Кавкаската армија генерал Александар Мишлаевски го фати паника и тој брзо го напушти градот, оставајќи ги своите војници на милост и немилост на судбината.
Во текот на критичниот момент иницијативата во свои раце ја презема началникот на штабот на армијата Николај Јуденич, кој воедно беше и вршител на должноста командант на Вториот туркменистански корпус. Користејќи го тоа што Турците започнаа да трпат големи загуби поради замрзнувањето тој ги реорганизираше силите што му беа на располагање и премина во голема контраофанзива, која заврши со целосно кршење на противникот. „Кавкаската војска која беше исцрпена беше спасена. Челичната волја и нескршливата енергија на генерал Јуденич го заврти тркалото на судбината“, воодушевено пишува воениот историчар од првата половина на дваесеттиот век Антон Керсновски.
Со неуспехот на Дарданелската операција и со евакуацијата на сојузничките сили од Галицискиот полуостров кон крајот на 1915 година, Турците добија можност во целост да се сконцентрираат на рускиот фронт. Во овие околности во тој момент командантот на Кавкаската армија Јуденич одлучи да биде побрз.
На почетокот на јануари руската војска стапи во голема офанзива, отфрлајќи го противникот кој веруваше дека назима нема да има никакви борбени дејствија на овој сектор од фронтот. Реорганизираната и обновена Трета армија на Османската Империја повторно беше поразена.
Турците се повлекуваа кон доброутврдениот град Ерзурум, кој го блокираше патот кон внатрешноста на Мала Азија. Ноќта помеѓу 11 и 12 февруари војниците на Јуденил во бела маскирна облека, тонејќи во снег и пробивајќи се низ огромните снежни наноси, преминаа во офанзива. Со оглед на тоа што во тие услови беше тешко да се воочат напаѓачите, турскиот оган беше прилично бескорисен. Непријателот се повлекуваше под притисокот на руската војска која заземаше утврдување по утврдување, а утрото на 16 февруари практично без борба го зазеде стратешки важниот Ерузурум.
„На неговата директна, совршено искрена и единствена природа ѝ беше целосно туѓа помпата и застапништвото, а уште повеќе позата и рекламата“; пишуваше генералот Борис Штејфон кој служеше со Јуденич. „Дури по Ерзурум, засолен со слава и награден со Георгиевска ѕвезда, тој не можеше да се совлада себеси и отиде во Штабот за да му се претстави на царот и да му се заблагодари на високата воена награда, иако не можеше ни да не насети дека кога ќе отиде во Штабот, таму ќе го чекаат генералско-аѓутантски монограми. Убедениот монархист, предано му служеше на својот Император, не барајќи никакви награди и поттикнувања“.
До Февруарската револуција Кавкаската армија беше една од борбено најспособните меѓу руските армии. Јуденич уште извесно време командуваше со армиите на Кавказот, но откако се разиде со новите власти во однос на тактиката и на стратегијата, многу брзо беше сменет како личност кој „одбива инструкции од Привремената влада“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче