Луѓето од постсоветските простори можевте да ги препознаете по златната насмевка, буквално. Златните заби или златните коронки беа честа појава во Советскиот Сојуз и без разлика на нивната сомнителна естетска вредност, од денешна гледна точка, тие имаа значителна реална вредност. Но, зошто луѓето го чуваа златото во забите?
Чеченец со златни заби
Michael Runkel/Global Look Press„Кога сестра ми го завршуваше школо во Самарканд 1985 година, нејзиниот соученик Динар доби подарок од неговите богати родители: златни коронки на сите 32 заба. Не е шега. Здрави, бели, млади заби истругаа и им ставија коронки“, се сеќава Bamsuper, корисник на форумот Pikabu.
Ваков подарок навистина можеа да добијат и довчерашните ученици. Тоа беше нешто како кога денес би добиле автомобил или скап часовник за матура, тоа беше престижно и ве ставаше меѓу елитата. Обичајот да се подаруваат златни заби на важни настани и датуми беше широко распространет на Кавказот и во централноазиските советски републики. Таму луѓето често ставаа златни коронки на здрави заби уште во рана младост.
Друг обичај широко распространет на територијата на централноазиските републики беше ставањето златни коронки на девојките пред свадбата, доколку семејството имаше доволно пари за тоа. На тој начин семејството на невестата покажуваше почит кон семејството на младоженецот. Навистина, тоа имаше уште едно значење: златните заби беа неотуѓив „имот“ на жената, гаранција дека никогаш нема да остане без ништо доколку сопругот ја избрка. Можевте да ги продадете златните коронки, па дури и да ги оставите во наследство - ако ги симневте од роднина, можевте да ги излеете во форма што одговара на вашите заби.
Ромка, Тјумен
Павел Лисицын/SputnikМеѓутоа, ако се изземат овие регионални обичаи, златните заби во СССР беа претежно застапени кај возрасните. Кај младите и децата вакво нешто не се среќаваше надвор од подрачјето на Централна Азија и Кавказот. Покрај тоа, тие беа карактеристични за одреден слој луѓе, за оние кои имаа пари: препродавачите (што беше забранета и казнива активност во СССР), криминалците и Ромите. Некои гледаа во тоа како во сигурна инвестиција, бидејќи парите можеа да ја изгубат вредноста, а златото секогаш беше на цена. Други на тој начин го „переа“ нелегално стекнатиот капитал.
Жител на Магадан
Wolfgang Kaehler/LightRocket via Getty ImagesВо краен случај, ако завршеше во затвор, таквиот човек секогаш можеше да смета на своите златни заби, кои ќе му овозможеа да добие подобри услови за престој во затворот или да плати заштита. Но, таквата „златна ризница“ можеше да ви создаде и проблеми, како што опишува Солженицин во познатиот „Архипелаг ГУЛАГ“: „Затворениците патем не бегаат ни од обичен грабеж: ако видат златни заби кај Естонец, ќе го фрлат на земја и ќе му ги избијат со жегол“.
Конечно, златото во уста беше исто така популарно и од практични причини, бидејќи во СССР немаше забни протези од керамика. Во земјава воопшто немаше метал-керамика, а камоли керамички коронки. Затоа за забни протези се користеа коронки од челик, а оние побогатите наместо железни заби ставаа златни.
„Ни објаснија дека златото дури и го чисти организмот и дека е потрајно од титаниумот. Се зборуваше дека титаниумот со текот на времето добива непријатен мирис и вкус. Оние кои можеа да си го дозволат тоа, користеа злато“, вели Зарифа Хасанова, која пораснала на истокот на Киргистан.
Ставањето златни заби постепено се изгуби по распадот на СССР, кога во земјата се појавија модерни стоматолошки протези. Но, и денес можете да ги видите кај постарата генерација.
Продавач на болвјиот пазар Измајловски вернисаж, Москва
Сергей Бобылев/TASSМаж со златни заби во Суздаљл
Кирилл Каллиников/SputnikСеланка од Омската област
Дмитрий Феоктистов/TASSПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче