Овој голем советски анестезиолог му се спротивстави на Сталин и остана жив

Russia Beyond (Архива, Јавен домен)
Исак Жоров не се плашеше ниту од германското заробеништво, ниту од гневот на советскиот водач. За него правдата беше на прво место.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

Советскиот лекар Исак Жоров имаше тежок, но импресивен живот. Иако син на обичен занаетчија, тој се ожени со роднина на последниот руски цар, кнегињата Елена Романова и освои неочекувани височини во светската медицина, станувајќи член на научните друштва на Велика Британија, Чехословачка, Германија и Ирска.

За Жоров често се вели дека е основач на советската школа за анестезиологија. Како активен хирург, Исак Соломонович Жоров разви голем број нови методи, помагала, инструменти и лекови за ефикасна анестезија. Објави над 160 научни трудови и беше ментор на десетици магистри и доктори на медицина.

За време на Втората светска војна, пред да стане лекар со светско реноме, Жоров работеше како главен хирург при 33-та армија, со која во февруари 1942 година се најде опколен од непријателот во близина на Москва. Наскоро се најде во заробеништво. Како Евреин, требаше да биде стрелан. Го спаси тоа што се претставил како Грузин.

Наоѓајќи се на окупираната територија, Жоров ги лекуваше советските воени затвореници и во секоја прилика им помагаше да избегаат. Откако се стекна со извесна слобода на движење благодарение на тоа што му го спаси животот на еден германски офицер, живите ги прогласуваше за мртви, ги носеше од логорот во шумата за да ги „закопа“ и им ги предаваше на тамошните партизани.

По ослободувањето и проверката, Исак Соломонович стана главен хирург на болниците за евакуација на 1 Белоруски фронт под команда на маршалот Константин Рокосовски. Лекарот воспостави пријателски односи со него – маршалот дури му подари автомобил.

Против Сталин

По војната, во Советскиот Сојуз повторно проработе машинеријата на масовни репресии. Еден од случаите кои привлекоа најголемо внимание беше „случајот на лекарите-штетници“ од 1953 година. Угледни лекари во земјата беа обвинети дека работат за американската разузнавачка служба за намерно да им наштетат на државните раководители. Десетици луѓе се најдоа зад решетки. Овој процес притоа имаше изразен антиеврејски карактер.

Меѓутоа, репресиите го заобиколија реномираниот лекар Исак Саломонович, кој исто така беше и Евреин. Сепак, тој одлучи да не остане на страна.

Жоров, кој за време на војната не се плашеше од ништо, покажа храброста и во оваа прилика. Тој јавно на трибината пред полната сала на 1 Медицински институт зборуваше во корист на обвинетите во „случајот против лекарите“, велејќи дека неговите колеги под репресија се гордоста на советската медицина. Истиот ден, Исак Соломонович беше уапсен под обвинение за антисоветска пропаганда.

„И тогаш 1 медицински институт експлодираше. Почна да врие, часовите беа прекинувани, цели факултети прекинуваа со настава, губејќи го стравот или одеднаш прогледувајќи, луѓето се нудеа себеси како заложници, само за да го ослободат Исак Соломонович. Студентите и предавачите многу го сакаа“, се сеќава Светлана Жорова, роднина на хирургот.

Маршалите Жуков и Рокосовски лично се залагаа кај Сталин за славниот доктор, но овој остана непопустлив. Исак Жоров беше пуштен од затвор и целосно рехабилитиран дури по смртта на Сталин за време на таканареченото „одмрзнување“ на Хрушчов.

 

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња